Штом се спомнат шницли, во устата се јавуваат сочни сензации и се створува апетит и желба да се вкуси тоа одлично јадење! И ние ги обожаваме, а како полесна, побрза и непржена варијанта, ви предлагаме да пробате крцкави печени шницли од рерна!
Одлични за дома и за гости, послужете ако сакате и друг прилог по желба и уживајте во јадењето!

Состојки:
- 600 г свинска удина од Агриа
- 2-3 матени јајца
- 50 г лебни трошки
- 30 г рендан пармезан
- 1/2 лажиче црн пипер
- 1 лажиче ситна црвена пипер
- сол по вкус
- 3-4 лажици масло.
За прилог и декорација:
- варени компири
- магдонос
- кришки лимон.
Подготовка:
- Свинската удина исечете ја на шницли со дебелина до 1 см, а потоа убаво истенчете ја со помош на кујнски чекан до дебелина од 5-6 мм.
- Тавата за печење премачкајте ја со масло или обложете ја со хартија за печење.
- Во помал сад ставете ги лебните трошки, пармезанот и зачините. Измешајте.
- Шницлите потопете ги во добро изматените јајца, па секоја од нив извалајте ја во садот со лебните трошки од двете страни и ставете ја во тавата за печење.
- Откако сите ги припремите вака, одозгора налејте по малку масло врз секоја шницла.
- Печете во претходно загреана рерна на 220 степени 5 до 6 минути, па свртете ги шницлите од другата страна и повторно печете 5-6 минути, потоа намалете ја температурата на 200 степени и печете уште 25 -30 минути. Ако имате било каков сомнеж дали се добро печени, пресечете една и погледнете во средината.
- Печените свински шницли сервирајте ги со варени компири и декорирајте ги со магдонос и тенко исечкани кругови лимон. Најубави се топли, на здравје!
Совети плус:
- Наместо пармезан може да искористите и биено сирење. Компирите за прилог наместо варени, може да се печени или пржени.
- Шницлите ќе бидат највкусни ако ги припремате од свежо месо. Изберете свежо свинско или телешко месо од Агриа. Ние долги години сме задоволни корисници, па затоа и ги препорачуваме. Свежото свинско месо и телешко месо од Агриа може да го најдете во нивните месарници (Битола, Велес и Штип), а свинското месо е достапно и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.
- Ако месото ви е купено од претходно и сте го замрзнале, најдобро е да го оставите скоро целосно, но не потполно да се одмрзне, за најлесно да ги исечете шницлите.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 совети за најдобри шницли со крцкава кора, а меко месо внатре.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текстот е овозможен од Агриа. за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.