L-Carnosine за долговечна младост и добро здравје

Научните истражувања покажаа дека L-Carnosine има неверојатна способност да ги подмлади клетките, да ги одржи нивните карактеристики и да им го продолжи животот. Затоа, во последните години зголемен е интересот за својствата на L-Carnosine, кој се смета за супстанца на долговечноста и се препорачува за сите возрасти, посебно за луѓе над 40 години. Со стареењето нивото на L-Carnosine во организмот се намалува, а како резултат на тоа се намалуваат когнитивните функции, подвижноста и метаболитичката контрола кај повозрасната популација. Освен тоа, се намалува функцијата на кардиоваскуларниот систем, а се зголемува ризикот од канцерогени заболувања. Токму тоа нè инспирира да истражуваме и да дознаеме повеќе за него.

Што претставува L-Carnosine?

L-Carnosine е дипептид кој го сочинуваат две аминокиселини, хистидин и бета аланин. Природно се јавува во високи концентрации во кожата, мускулите и нервните ткива, а неговото ниво се намалува со годините. Количината на Карнозин во организмот е многу поголема во детството отколку во подоцнежните години од животот. Тој е моќен антиоксиданс и ги елиминира слободните радикали. Се препорачува за:

  • здраво стареење и заштита на клетките
  • заштита на мозокот, срцето и мускулите.

Повеќе информации за L-Carnosine прочитајте на trimeks.com.mk, од каде што може и да го нарачате. А сега можете да ја искористите акцијата и да порачате L-Carnosine со 30% попуст преку онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации за L-Carnosine, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

L-Carnosine за долговечна младост

L-Carnosine е сконцентриран во деловите на телото каде што има голема енергетска побарувачка. Тој е локализиран во мозокот, срцето, мускулите, односно секаде каде што има мускулна активност. Младите индивидуи имаат високи нивоа на L-Carnosine во сите ткива на кои им е потребна енергија. А, со стареењето нивото на L-Carnosine опаѓа. Тоа е така затоа што телото како што старее произведува помалку L-Carnosine, а постоечкиот е подложен на поголемо уништување. Кратко кажано кај повозрасните лица производството се намалува, а неговото уништување се зголемува. Тоа значи, дека недостатокот на L-Carnosine е одговорен за видливите знаци на стареење и губењето на повеќе витални функции на органите. Ова укажува дека на фактот  дека ако со помош на суплементи се зголеми неговото нивото во организмот, во голема мера би се ублажил процесот на стареење.

Може да ве интересира: Потрага по вечна младост! Топ намирници го забавуваат стареењето.

Карнозинот заштитува од кардиоваскуларни заболувања

Во некои студии се покажало дека L-Carnosine ја намалува смртноста од мозочен удар, како и ги ублажува штетните ефекти од мозочен удар. Покрај тоа, го штити срцевиот мускул од исхемија (недостаток на проток на оксигенирана крв) што на крајот може да предизвика срцев удар. Ова се должи на неговото антиоксидативното дејство. Затоа, на пациентите при операција на отворено срце им се дава L-Carnosine. На тој начин се заштитува на срцевиот мускул кога работата на истото е намерно запрена и постои голема опасност од исхемични оштетувања. Дејството на Л-Карнозин врз крвните садови може да ја спречи појавата на исхемија така што заштитува од артериосклероза.

L-Carnosine се бори против дијабетесот и неговите последици

Глобалната епидемија на гојазност носи со себе зголемен ризик од дијабетес тип 2 кој пак предизвикува низа други здравствени нарушувања. Дијабетесот може да предизвика кардиоваскуларни заболувања, откажување на бубрезите, оштетување на нервите и нарушување на видот.

Некои студии покажаа дека клетките на дијабетичарите имаат пониско ниво од нормалното на L-Carnosine, кое е слично како и кај постарите лица. Ова може да биде едно од главните нешта зошто дијабетесот предизвикува забрзано стареење. Сепак, доколку се надополни нивото на L-Carnosine кај дијабетичарите може да се подобри виталноста на ткивата и со тоа да се спречат можните компликации предизвикани од дијабетес. L-Carnosine го намалува покаченото ниво на шеќер во крвта, го ограничува оксидативниот стрес и воспалителните процеси не само кај дијабетичарите, туку и кај сите повозрасни лица.

L-Carnosine ги штити клетките на бубрезите од негативните ефекти на зголемените нивоа на гликоза, заштитувајќи ги дијабетичарите од нефропатија. Исто така, ја намалува оксидацијата и гликацијата на липопротеините со ниска густина (ЛДЛ) со што се намалува опасноста од артериосклероза предизвикана од дијабетес. Го намалува вкрстеното поврзување на протеините во леќата на окото со што помага да се намали ризикот од катаракта која е уште една честа компликација кај дијабетичарите, но и кај повозрасните лица. Превенира оштетување на крвните садови со што спречува појава на ретинопатија која е главна причина за слепило кај дијабетичарите.

L-Carnosine ги заштитува мозочните клетки и го подобрува помнењето

Алцхајмеровата болест е една од најзаплашувачките и најраспространетите невродегенерички нарушувања. Постојат научници кои дошле до констатација дека кај лицата со оваа болест нивото на L-Carnosine во мозокот е многу пониско од оние кај останатите стари лица. Сѐ уште не е јасно дали причина за ова е Алцхајмеровата болест или пак тоа е нејзин негативен ефект. Но, се знае дека L-Carnosine е корисен кај заболувањата кои се поврзани со стареењето како дегенеративните невролошки болести (Алцхајмерова и Паркинсонова болест, епилепсија, депресија, шизофренија, деменција, состојби предизвикани од мозочен удар) и сл.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: CoQ10 е чувар на срцето и младоста.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: