Голем број од нас ја занемаруваат негата на рацете и дланките. Тоа не е ни чудно, со оглед на „трката“ со времето во денешниот начин на живот. Но, рацете се многу важни не само за убавината на една личност, туку и за беспрекорно и лесно функционирање во животот. Па, инспирирани од тоа, ви откриваме домашна и природна маска од кисело млеко против сува кожа,која и тоа како ќе им даде нежност на вашите раце.
Киселото млеко ја хидрира кожата и ја враќа нејзината рН рамнотежа, а маслиновото масло ја храни. Квасецот е богат со витамин Ц кој е потребен за побрзо обновување на клетките, додека краставицата ја освежува и хидратизира кожата.
Може да ве интересира: Природна маст од ориз за подмладување на раце.

Состојки:
- 2 полни лажички кисело млеко
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 коцка свеж квасец
- 1-2 лажици рендана краставица.
Подготовка и начин на употреба:
- Во порцеланска или стаклена чинија измешајте го киселото млеко со маслиновото масло.
- Потоа, додајте го свежиот квасец и ренданата краставица. Добро измешајте.
- Вака припремената маска ставете ја во фрижидер околу половина час, за да се стегне и да се зголеми нејзината вискозност.
- Ладната маска нанесете ја на рацете и потоа замотајте ги во најлонска фолија за да ја зголемите нејзината делотворност. Оставете те ја околу 5 до 10 минути да делува, а потоа исплакнете ги рацете со млака вода. Исушете ги со крпа и нанесете хидратантен/витамински крем.
За да забележите резултати, нанесувајте ја маската барем 3 денови со ред.
Ви препорачуваме да прочитате: Природна маска за убави раце и лице.