Посни американски палачинки со рум 1

Посни американски палачинки со рум

Супер се вклопуваат со шолја кафе! Меки, сочни, сунѓерести и неодоливо вкусни! Мора да се пробаат, за да почувствувате колку се убави и вкусни. Од овој рецепт ќе добиете 10-12 посни американски палачинки со рум, зависно од големината што ќе ја изберите!

намирници за витка линија 1

Постигнете витка линија со 7 здрави намирници

Доколку сакате да изгледате совршено на најлудата ноќ или можеби долго време се мачите со вишокот на килограми, време е да направите некои измени во вашата храна. Како би реагирале ако ви кажеме дека не секогаш, патот до витка линија е преку строги и измачувачки диети кои најчесто ви носат само краткотрајни резултати? Најчесто сите диети се со бумеранг ефект, но доколку направите драстични измени во вашиот начин на исхрана резултатите можеби ќе бидат побавни, но долготрајни и без штетни последици по вашето здравје.

Природен сируп за смирување на сува кашлица 1

Природен сируп за смирување на сува кашлица

Ако подолго се соочувате со сува кашлица и имате проблем со грлото, а сметате дека можете да си помогнете сами, не сте можеле да отидете на лекар или преферирате прво да пробате со домашно лекување, имаме за вас еден предлог за природен сируп за смирување на сува кашлица кој може да го пијат и мали деца.

недостаток на витамин Д

7 знаци кои укажуваат на недостаток од витамин Д

Витаминот Д припаѓа на групата на витамини растворливи во масти. Во комбинација со калциумот помага во изградбата и одржувањето на силни и здрави коски. Исто така, е вклучен и во регулирањето на имунолошкиот систем, па помага дури и во сузбивањето на канцерогените клетки. Со право може да се каже дека овој витамин е најважен за здравјето на коските и за одржување на имуниот систем. Карактеристичен симптом при недостаток од витамин Д е рахитисот кај децата. Ова состојба често води кон кревки коски кои се склони на деформитети и зголемена опасност од повреди и кршливост.

Брз посен сос - макало 1

Брз посен сос – макало

Овој е многу едноставен и брз посен сос или макало, кое за гурманите може да биде и лутичко, за уште повеќе да уживаат! Весна ни кажа дека овој сос одлично одговара со месо, јагнешко, свинско, телешко, пилешко, по желба. Ние го пробавме и навистина е многу вкусен!

Природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк 1

Природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк

Совршениот шејк за сите оние оние кои вежбаат, тренираат или пак им е потребна енергија, не мора секогаш да содржи само протеини во прав. Многу природни намирници изобилуваат со протеини, па ако ги додадете во своето утринско смуди, ќе добиете совршен енергетски шејк.

Маринада за пилешко месо на Азиски начин 1

Маринада за пилешко месо на Азиски начин

Наместо нетрпеливо да чекате да отидете во ресторан за да вкусите нешто уникатно, сега можете да пробате сами дома да бидете супер готвач. Не е тешко, напротив, баш е интересно. Препорачуваме да ја пробате нашата маринада за пилешко месо на Азиски начин!

Оригинален класичен рецепт за карбонара шпагети 1

Оригинален класичен рецепт за карбонара шпагети

Веќе сме го спомнале италијанскиот готвач Gennaro Contaldo, кој направи вкусна „револуција“ кога станува збор за уживањето во тестенините или подобро речено шпагетите. Го создаде и освои светот со својот рецепт за карбонара шпагети!

Печење на тиква во рерна – рецепти и совети

Можеби ќе речете дека овој период имаме ставено акцент на тиквата и да знаете дека сте во право. Оваа есенска кралица речиси секој трет ден се наоѓа на нашата трпеза. Ја приготвуваме на различни начини, но сепак најмногу ни се допаѓа кога е печена. Ако и вие преферирате печена тиква, овие рецепти и совети за печење на тиква во рерна ќе ви бидат од голема корист.

Солена лисната пита со фил 1

Солена лисната пита со фил

Сочно предјадење или лесен оброк! Катерина ни предлага нов вкус на солена лисната пита со фил од компири и сирење, кашкавал… Воопшто не е сложен рецептов, може да го направи секој, а состојките се едноставни исто така. Да ја пробаме во друштво на домашните или пријателите!

Сѐ што не сте знаеле за витаминот Б7 - биотин 1

Сѐ што не сте знаеле за витаминот Б7 – биотин

Витаминот Б7 – биотин е дел од семејството на витамините од Б комплексот. Тој е уште познат и како витамин Х.  Важен е за организмот затоа што учествува во претворањето на одредени хранливи материи во енергија, односно врши синтеза на протеини, јаглехидрати и масни киселини. Исто така, има многу важна улога за здравјето на косата, кожата и ноктите.

Утринска маска за лице која ја освежува и подмладува кожата 1

Утринска маска за лице која ја освежува и подмладува кожата

На многу од нас денот не може да ни започне без филџан црно кафе. Тој магичен црн напиток ни помага побрзо да се разбудиме наутро и ни дава дополнителна доза на енергија во денот. Меѓутоа, кафето освен за пиење може да се користи и во служба на убавината. За тоа се заслужни антиоксидансите со кои овој напиток изобилува. А, уште и ако го искомбинирате со млеко ќе добиете прексрасна утринска маска за лице која ја освежува и подмладува кожата.