Брз посен сос - макало 1

Брз посен сос – макало

Овој е многу едноставен и брз посен сос или макало, кое за гурманите може да биде и лутичко, за уште повеќе да уживаат! Весна ни кажа дека овој сос одлично одговара со месо, јагнешко, свинско, телешко, пилешко, по желба. Ние го пробавме и навистина е многу вкусен!

Еве што друго вели: „Сосот го препорачувам, ептен е вкусен е, едвам успеав да го сликам, брзо отиде. Доминира лукчето и вкусот на пиперките. А зеленчукот, можете да го исечете поинаку, тоа не е обавезно да е баш вака.“

Брз посен сос - макало 2

Состојки:

  • 3 моркови
  • 2 црвени пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 3 големи чешниња лук
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • сушен зачин по потреба
  • црвен пипер по вкус
  • малку рузмарин
  • малку масло.

Подготовка:

  1. Морковите измијте ги и излупете ги, па исечете ги на долги стапчиња.
  2. Пиперките измијте ги, исчистете ги од семето, па исто како и морковите исечете ги на долги стапчиња.
  3. Лукчето излупете го, измијте го и сечете го на тенки ливчиња.
  4. Се пржат убаво, како печени, на капка масло, а потоа се додава малку водичка и пченкарно брашно, па се динста до омекнување. За овој чекор да го изведите беспрекорно, пожелно е да користите нелеплива тава за пржење.
  5. Посолете и додајте црн пипер по вкус.
  6. Додајте ги и останатите зачини, црвениот пипер, сувиот зачин, рузмаринот. Измешајте и на здравје!

Рецептот го испратил: Весна Рор, vesnarohrrecepti.com

Ви препорачуваме да прочитате: Посен прилог од зеленчук сервиран со кус кус.

Сподели: