Сочни корпички со фил од јаболка 1

Сочни корпички со фил од јаболка

Тие се прав есенски десерт! Кревките и сочни корпички со фил од јаболка мирисаат на цимет и се неодоливи за појадок со шолја топол чај! Одлични за да ви го подигнат расположението на високо ниво!

Рецептот е од страницата на нашата пријателка Лана, која испробува фотографира и сите ние можеме да уживаме во нејзините дела. А сега, еве како да ги направите овие преубави корпички со фил од јаболка!

Сочни корпички со фил од јаболка 2

Состојки:

За корпички:

  • 200 гр брашно (пченично или спелтино)
  • 125 гр путер
  • 50 гр мелени бадеми
  • 50 гр шеќер
  • прстофат сол
  • прстофат цимет
  • 1 јајце
  • малку нарендана кора од лимон или портокал.

За фил:

  • 2-3 јаболка
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 рамна лажица цимет
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажица путер (за динстање на јаболката).

За премачкување:

  • 1 јајце.

Подготовка:

  1. Замесете тесто од брашното, мелените бадеми, шеќерот, малку сол и цимет, како и наренданата кора од цитрусно овошје.
  2. Додајте го путерот и едно јајце за убаво да се поврзи смесата (може и неколку лажици ладно млеко или вода).
  3. Тестото обликувајте го во вид на топка, замотајте го во најлонска фолија и така оставете го половина час во фрижидер.
  4. За тоа време припремете го филот од јаболка. Јаболката излупете ги и исечете ги на мали коцки, па кратко продинстајте ги на малку путер.
  5. Додајте шеќер по вкус, малку лимонов сок и лажичка цимер за убаво да замириса. Кога јаболката ќе омекна, тргнете ги од оган за да се изладат.
  6. Со помош на сукало развлечете го тестото во тенка кора, па исечете поголеми кругови.
  7. Круговите од тесто ставете ги во калап за мафини (по потреба отсечете по рабовите за да биде иста големината на сите), наполнете ги со фил и од преостанатото тесто направетелентички кои ќе ги распределите преку филот одозгора.
  8. Премачкајте ги со изматеното јајце и печете на 180 степени за време од 25 до 30 минути.
  9. Пред служење, корпичките посипете ги со шеќер во прав. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посни колачиња со фил од јаболка, рум и ореви.

Сподели: