„Ти останал леб од претходниот ден? Ти треба идеја за појадок или вечера? – Ова е вистинскиот рецепт за тебе! Направи пица лепчиња и за 10-тина минути имаш вкусен појадок или вечера за целото семејство. Избери топинг по вкус – печурки, чајна или домати, и забавата може да започне.
Грижата за сопственото тело треба да биде приоритет за секоја жена! Но, сведоци сме дека честопати жените го занемаруваат тоа, не обрнувајќи внимание на сигналите што им ги испраќа телото. Затоа, од особена важност се редовните прегледи со цел да се преземат чекори за да се заштиме од инфекции и повреди и да се спречат одредени долгорочни здравствени проблеми. Па, без разлика дали веќе планирате семејство или сѐ уште не сте размислувале за тоа, ви препорачуваме активен живот, здрав начин на исхрана, помалку штетни навики и редовна посета на гинеколог. Во продолжение, ви откриваме 6 лесни начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност.
Немате многу време да подготвите појадок? – Имаме одлична идеја за брз оброк! Бурито со јајца и колбаси, се спрема за помалку од 10 минути, a mожете да го јадете дома или да го завиткате во фолија и да го земете за на работа. Брзо за правење, а вкусно за јадење!
Многумина од нас водата ја третираат како течност без некакво значење, а вистината е дека нејзината вредност за нас е огромна, што го потврдува и нутриционистката Симона Коруновска во соработката со dm
Силен имунитет е основен предуслов за здравјето на човекот, како и за долг и квалитетен живот. Ако е ослабена активноста на имунолошкиот систем, поподложни сме на разни инфекции, а неговата зголемена активност значи предиспозиција за алергии и таканаречените автоимуни заболувања. Оттука и нашата мотивација да ве потсетиме и да ви сервираме нови информации и препораки, за кои упатуваме благодарност до Д-р Нела Деспотовска која секогаш ни е на располагање и поддршка.
Немате идеја за ручек? Ви предлагаме да направите печено свинско месо со компири, прелиено со превкусен гурмански сос. На прв поглед изгледа како мусака, но вкусот е уште подобар и посочен. Не ви треба многу време и труд за подготовката, само изрендајте, измешајте ги состојките и ставете ги во рерна да се печат.
Неколку корисни совети од dm drogerie markt во соработка со нутриционистката Симона Коруновска
Сите сме почувствувале на своја кожа дека нашиот имунитет опаѓа во студените зимски месеци, кога се распространети настинки, грипови и други вируси, што значи дека ни е потребна помош во борбата со инфекциите. Со цел да сподели знаења и искуства кои би придонеле подобро да се чувствувате во вакви ситуации, dm drogerie markt почна соработка со нутриционистката Симона Коруновска. Заедно со неа, во следниот период ќе споделуваме практични и корисни совети со коишто, се надеваме, ќе ви помогнеме да го зајакнете имунитетот и полесно да се справите со вирусите.
Одлична идеја за ручек или вечера! Брз и вкусен рецепт за печен карфиол во рерна кој сигурно повторно ќе сакате да го направите. Може да го послужите како засебен оброк, во комбинација со сос или како гарнир со главното јадење.
Здравите оброци веројатно се најдобриот начин да се почне новата година, а dm drogerie markt и нутриционистката Симона Коруновска ќе ни откријат лесен и едноставен начин како да го направиме тоа.
Дуњата е вистинска витаминска бомба! Ова овошје е познато по тоа што сите негови делови (плодот, семките, листовите, па дури и влакната или мовот на плодот) имаат лековити својства. Најдобри лековити својства имаат сокот, сирупот и чајот од дунка. А еве за што е корисен чајот од дуња.
Често останувате без идеја што да појадувате или вечерате? Сакате оброк кој е едноставен за правење, а истовремено вкусен и хранлив? – Имаме супер рецепт за вас! Направете си намаз од сончоглед и семки од тиква, премачкајте го на потпечено лепче, послужете и уживајте.
Василичарскиот мазник ќе биде во центарот на трпезата на многу семејствата низ Македонија. Во пресрет на празникот кој ни доаѓа – Василица и традицијата за мазник/пита со паричка, ви споделуваме 3 рецепти за домашен мазник од Марија Кочовска, фудблогер и уредник од нашиот тим.
Василичарскиот мазник со паричка е наизбежен традиционален обичај во нашиот крај. Без разлика дали ќе бидете со друштво или во склоп на семејството, главниот оброк е Василичарскиот мазник со паричка, кој се дели на онолку делови колку што има луѓе на трпезата. Се верува дека на тој што ќе му се падни паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Па, во пресрет на овој празник ви споделуваме 3 проверени и испробани рецепти за Василичарски мазник од Катерина Шамбевска Спасеновска, уредник и фуд блогер од нашиот тим.
И кај возрасните и кај децата, појавата на кашлица покажува дека проодноста на дишните патишта е нарушена. Кашлањето е обид да се исчистат дишните патишта и да се врати непреченото дишење. При вакви ситуации родителите многу често се збунети и не знаат што да преземат за да ја подобрат здравствената состојба на своето дете. Па ако и вие се прашувате: Како да му помогнете на детето, што можете сами да направите, а за што е потребна интервенција на лекар, продолжете со читање. – Одговорите на овие прашања ќе ги најдете подолу во текстот.
Зимата е годишно време во кое треба да посветиме големо внимание на исхраната, со цел да одржиме добро здравје. Намалената понуда на разновидно свежо овошје и зеленчук во зимскиот период, ниските температури и празничните гозби можат сериозно да наштетат на балансот во организмот и дополнително да го ослабнат имуниот систем. Поради сето ова, исхраната во зимскиот период мора да биде избалансирана, богата со витамини, протеини, есенцијални масни киселини и минерали. А сите знаеме дека еден од најважните минерали за организмот е железото. Па, сигурно се прашувате: Како да одржите оптимално ниво на железо во организмот за време на зимскиот период?