Одлична е за здравјето и лесно достапна на нашите простори. Важен факт за неа е дека е хипоалергична храна која може да ја консумираат и дечињата од најмала возраст, токму затоа се вели дека крушата е супер храна за сите генерации.

Хомер во познатата Илијада, споменува дека легендарниот воин Ахил користел ајдучка трева (Achillea millefolium) за лекување на раните на неговата војска. Индијанците ја користеле за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.
Шопската салата е едно од македонските традиционални салати, а освен кај нас, карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење кое што жителите го користеле во најразлични јадења. Името шопска салата го добила според словенското племе Шопи кое живеело на тој регион.