Вкусно засладување и за време на пости! Еден од моите омилени колачи е посното медено срце без масло. Се приготвува едноставно и брзо, а толку е вкусен што секој ќе побара парче повеќе.
Како да препознаете дали имате проблеми со бубрезите? Дали промените во урината се единствените показатели дека нешто не е во ред? По повод светскиот ден на бубрезите, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Кои се најчестите симптоми кои укажуваат дека треба да посетиме доктор и како да го заштитиме здравјето?
Во месец март се одбележува светската неделата на глаукомот како глобална кампања за подигање на свеста за оваа болест – за важноста на раната дијагноза и третман за спречување на губењето на видот. Токму на оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и ве запознаваме што е глауком, кои се симптомите и како може да го зачуваме и подобриме здравјето на очите.
Наскоро започнуваат Велигденските пости, па многу луѓе кои постат се запрашуваат: Што да јадам? Како да бидам енергичен преку денот? Која храна е богата со протеини? – Разговаравме со нутриционист Марија Апостоловска, од Нутри клубот Здрава зона и ве советуваме како може да правите балансирани оброци за време на пости и како да ги задоволите дневните потреби од протеините.
Посно, здраво и вкусно! За време на постите секогаш ми е предизвик да креирам оброк кој ќе биде балансиран со најважните состојки – протеини, растителни влакна и јагленохидрати, а да биде вкусен и хранлив. Така се роди идејата за овој посен оброк – медитеранска паштета од наут во комбинација со новиот протеински леб од Жито Лукс и зеленчук.
ADHD (Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност) е често невро-развојно нарушување со кое се соочуваат 11% од децата, односно преку 7 милиони деца во светот. Од ова нарушување страдаат и 2 до 5% од возрасните. Кои се симптомите? Дали детето е немирно или пак има ADHD? На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.
Кога се работи за секојдневната исхрана, не постои магично стапче кое ќе направи оброците да бидат здрави, вкусни и да ве остават сити долго време. Тоа мора да го направите вие – преку вашиот избор на состојки и начинот на подготовка на храната. А ние, нашата денешна инспирација ја најдовме во нутриционистката Симона Коруновска, која ги знае тајните за вистинско уживање во вкусни оброци подготвени од органска храна.
Идеите за здрав и балансиран појадок секогаш се добредојдени! А предизвик е како да направиме брз појадок, кој е хранлив и ќе ни даде енергија за преку денот? Инспирирани од новиот протеински леб на Жито Лукс, споделуваме нов рецепт за авокадо тост со јајце кој ќе ви биде на листата на омилени рецепти.