Страдате од болести на коските? Имате болки во зглобовите? – На вистинското место сте. Продолжете со читање и подобрете си го здравјето на коските оваа есен и зима. Дознајте што може да ви помогне и уживајте во ладните денови без болки.

Често читаме и слушаме како правилната и балансирана исхрана влијае на телесното здравје и превенција од хронични болети. Ама, дали сте знаеле дека храната има важна улога и во одредување на расположението? – Да, и тоа како! Протеините, витамините…, сите тие имаат посебна важност за менталното здравје на човекот.
Ви се случило да не можете да заспиете или да се будите цела вечер? Се чувствувате нерасположени? – Потребен ви е триптофан за мирен сон. А, што претставува триптофанот и како оваа аминокиселина може да ви помогне за да го подобрите сонот и да го вратите доброто расположение – прочитајте го текстот за да дознаете.
Имунитетот треба да се јакне секојдневно, а најголемо внимание да се обрне во зимскиот период. Зимата е време кога започнуваат настинките и гриповите, а оваа година го имаме и корона вирусот. За да го намалиме ризикот од разболување, важно е да го подготвиме имуниот систем за зима во време на пандемија.
Периодов, бактериските инфекции земаат замав, па многу луѓе не се поштедени и се нападнати од лошите бактерии. По препорака на доктор, кога пациентот има бактериска инфекција, се дава терапија со антибиотици и пробиотици. Дополнително, пандемијата со COVID-19 ја влошува состојбата, го намалува имунитетот кај пациентите, а тоа доведува до дополнителни компликации и појава на бактериски инфекции. Зошто се потребни пробиотиците при терапија со антибиотик, дознаваме од разговорот со Д-р Нела Деспотовска.
Палачинките ни се омилени, без разлика дали се американски или класични, солени или благи. А, денес подготвивме вкусен и лесен рецепт за похувани палачинки со фил од мелено месо. Вака подготвени, тие се совршени за предјадење или за мезење, а може и да ги послужите за појадок со сос од павлака и мајонез.
Мирисот на компир манџа со колбаси секогаш нѐ враќа во детсвото. Затоа споделуваме традиционален рецепт за манџа каква што ни подготвуваа нашите мајки. Ако и вас ве фати носталгија за тие убави времиња, кога низ целиот дом се ширеше убав мирис, набавете си квалитетни намирници и оваа зима стоплете се со домашно подготвена манџа богата со здрави зеленчуци.
Овошните колачи се лесни и свежи за јадење, па затоа ни се меѓу омилените. Тие ни се непресушен извор на инспирација за наоѓање и осмислување на нови рецепти. Во оваа прилика споделуваме со вас токму таков лесен и едноставен рецепт за брз колач со овошје кој се прави со намирници кои сите ги имаме дома.
Сочни ребра кои се топат во уста! Печени во рерна во сос за скара! Звучи одлично зар не? – Ребрата подготвени на овој начин се делат од коската, а месото е сочно и меко. Вкусот од зачините совршено го надополнува сосот за скара, па овој рецепт ќе ве натера да посегнете по парче плус. Па, уште во прва прилика штом ви се пријадат, направете печени сочни ребра во сос за скара.