Ако пробавте да најдете повеќе информации за него, а не знаевте како добро, би било да знаете дека латинското име на широко распространетиот тегавец е Plantago lanceolata.
Зошто тегавецот се смета за здрава тревка?
Тегавецот првенствено се употребува за лечење на болести на дишните органи, посебно при јака кашлица, белодробна астма и туберкулоза на белите дробови. Тој е одличен чистач на крвта, желудникот и белите дробови. Добар е за сите кои имаат слаба крв, слаби бели дробови или слаби бубрези, осип на кожата, лишаи, кашлица или патат од зарипнатост.
Семето од тегавец е лековито и помага ако дневно се зема до 10 грама. Тоа е посебно корисно во случаи кога има камења во бубрезите.
Во повеќе рурални средини тегавецот е најчесто користен лек за рани и повреди. Свежите листови помагаат при разни осекотини, каснувања од оси, пчели, каснувања од бесно куче.
Свежите листови измелени и измешани со малку сол, а потоа ставени на вратот помагаат за лечење на гушавост. Исто така, свежите листови можат да се стават во чевел кој прави плускавци и да ја заштитат кожата од настанување на пликови.
Чајот од тегавец е добар и при заболувања на црниот дроб и жолчката.
Како да направите чај од тегавец и како се пие?
Ставете 1 лажичка тегавец во 250 мл топла вода и оставете да стои неколку минути, додајте кришка лимон и пијте го додека е топол, но во голтки не наеднаш.
Ви препорачуваме да прочитате: Тегавец – идеален природен лек за прва помош.