сендвичи со бавно печено свинско месо 1

„Pulled pork“ сендвичи со бавно печено свинско месо во рерна

Направете ги највкусните и популарни „Pulled pork“ сендвичи со бавно печено свинско месо во рерна. Американските бургери стануваат хит и кај нас, а тоа ни беше мотивација да го споделиме овој рецепт.

Приготвено на овој начин, месото лесно се дели со виљушка, па е одличен додаток за сендвичи и бурито.

сендвичи со бавно печено свинско месо 2

Состојки:

  • 1.8 кг свинска плешка од Агриа
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица црвена димена пипер
  • 1 мала лажичка лук во прав
  • 1 мала лажичка кромид во прав
  • 1 мала лажица мелен кимион (кумин)
  • свежо мелен црн пипер
  • 2 лажици масло
  • 350 мл пиво
  • 6-8 лепчиња за сендвичи.

За сос за скара:

  • 1 ½ чаша кечап
  • 1/3 чаша јаболков оцет
  • ½ чаша дижон сенф
  • ¼ чаша кафеав шеќер
  • 2 лажици ворчестер сос.

Подготовка:

  1. Месото исечете го на поголеми парчиња (6-8).
  2. Во мал сад ставете ги кафеавиот шеќер, солта, пиперот, лукот, кромидот во прав, кимионот и зачинете со црн пипер. Измешајте ги зачините.
  3. Во садот со свинското месо додајте ја мешавината со зачини и добро измешајте. Оставете го месото во маринадата за време од 2-3 часа, а најдобро е преку ноќ. Притоа, садот поклопете го или затворете го со најлонска фолија.
  4. Пуштете ја рерната да се загрева на 150 степени.
  5. Во големо тенџере или тава ставете масло да се загрева на умерено висока температура. Во загреаното масло кратко пропржете го месото од сите страни.
  6. Прженото месо ставете го во тавата за печење и додајте го пивото. Измешајте и покријте ја тавата со капак. Тавата ставете ја во рерната и печете за време од 3 часа. Потоа отстранете го капакот и продолжете со печење уште 1-2 часа додека месото омекне и лесно се дели со виљушка.
  7. Извадете ја тавата од рерна и започнете со подготовка на сосот за скара.
  8. Во тавата во која се печеше/пржеше месото додајте го кечапот, јаболковиот оцет, сенфот, шеќерот и ворчестер сосот. Сосот варете го на тивок оган околу 5 минути додека се згусти.
  9. Месото разделете го со помош на две виљушки и додајте ½ од сосот. Измешајте и сервирајте во лепчиња за сендвичи со додаток на „Coleslaw“ салата. По желба додајте од преостанатиот сос. На здравје!

Совети за подготовката:

  • Месото пржете го кратко затоа што зачините може да изгорат. Пропржете го на делови, на 2-3 пати во зависност од големината на тавата.
  • За печење најдобро е да користите пекач – тава со капак.
  • Наместо да правите, по желба може да користите и готов сос за скара.

Наша препорака:

Направете ги највкусните сендвичи со бавно печено свинско месо само со помош на квалитетно месо од домашно производство. Посетете ги месарниците на Агриа и набавете си свежо свинско месо. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, а и работат по принципот „од нива до трпеза“. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Месото од Агриа може да го најдете во Тинекс и Рамстор маркетите.

свинска плешка

Ви препорачуваме да прочитате: Похувани палачинки со фил од мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: