Крварењето од носот е често кај децата, но понекогаш се јавува и кај возрасните. Кои се причините за крварење од носот? Дали треба да бидеме загрижени и што може да помогне? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.
Скоро и да нема веќе човек кој не слушнал дека спирулината е супер храна, нели!? – А знаете што? – Целиот наш тим ја обожава и освен како додаток во исхраната, и имаме најдено еден мал милион примени во рецепти. Токму така, дојдовме на идеја да го споделиме и овај превкусен рецепт за крцкави гранола плочки со спирулина! Екстра богата со хранливи нутриенти и лесна да може да ја носите со себе секаде.
Има многу причини зошто на вашето мени почесто да се најдат малите слатки капини. Тие изобилуваат со антиоксиданси и витамини, а благодарение на поволниот состав помагаат за превенција на кардиоваскуларни, когнитивни и канцерогени заболувања. Во народната медицина се користат за различни намени, меѓу кои и за зајакнување на крвта. Пребарувајќи низ интернет, го пронајдовме овој рецепт за напиток од црвено вино, листови капина и коприва против анемија.
Лошата циркулација е чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе ширум светот. Иако, на прв поглед оваа состојба не ја сфаќаме како нешто сериозно, таа е предуслов за целокупното наше здравје. Всушност и здравјето на срцето зависи од добрата циркулација. Кога таа е нарушена, се појавуваат отоци и проширени вени, згрутчување на крвта и други сериозни здравствени проблеми. За среќа, природата ни дава многу решенија за овој проблем. Па така, има многу чаеви кои ја подобруваат циркулацијата на крвта, а ние денес за вас ги издвоивме чаевите од рузмарин и ѓумбир.
Циркулацијата на крвта се подобрува со движење, но на тоа влијаат и одредени намирници. Доколку не се храните со здрава храна која ги обезбедува квалитетните хранливи состојки, може да имате проблеми со циркулацијата, и покрај тоа што сте физички многу активни. Следните 11 намирници може да ви помогнат за подобрување на циркулацијата на крвта.
Често ве прашуваат: „Блед/а си како крпа, дали ти е добро?“. На многу луѓе, ова прашање им е добро познато. Тогаш помислувате дека уште тоа ви фали покрај уморот, главоболките, малата концентрација и недостатокот на сон. Ако и покрај тоа, забележите дека косата ви се истенчува, крајно време е да признете дека имате доволни симптоми, кои укажуваат дека имате недостаток на железо во крвта. Но, дали знаете дека со промена на навиките и примена на овие 5 едноставни начини може да го зголемите нивото на железо во крвта?
Дека цвеклото е многу здраво, знаме уште од мали, кога често ни се нудеше домашен сок од коренот на овој зеленчук. Но, како деца не знаевме колку овој виолетов зеленчук е добар и корисен за здравјето. А најновите истражувања го потврдуваат придобивките од терапијата со цвекло против леукемија и тумори.