Црвенaта зелка е корисна намирница за сите сезони 1

Црвенaта зелка е корисна намирница за сите сезони

Летото е период кога постојано се зборува дека мора да внесуваме повеќе витамини, минерали, течности и свежа храна. Црвената зелка е една од намирниците на која доста често забораваме во летниот период, па еве мало потсетување зошто не треба да ја изоставаме од нашето мени.

Скоро сите ние кога ќе се спомне зелка, прво помислуваме на зелена, а ретко кој повеќе ја преферира црвената зелка. Таа има одличен вкус, интересна е на изглед и изобилува со витамини и минерали, дури и во поголема количина споредено со зелената, велат научниците.  Супер се вклопува во свежите салати, како прилог со месо или мешунки. Корисна е за подобрување на состојбата на кожата, болести на срцето, за шеќерот во крвта, како и за мозокот.

Црвената зелка спаѓа во иста група со доматот, цвеклото, морковот, односно во групата на црвени зеленчуци кои се добри за линијата на телото, за крвта, за очите.

Црвента зелка е корисна намирница за сите сезони 2

Зошто црвената зелка е добар избор?

Нејзината темно виолетова боја ги потврдува погоре спомнатите корисни својства. Таа асоцира на здраво и позитивно влијание за крвта, а количеството на витамин Ц во нејзиниот состав е поголемо за 6-8 пати спрема зелената зелка. Големото количество на витамин Ц е значајно за создавањето на колагенот, па  честото консумирање на црвената зелка помага за кожата да биде здрава и сјајна.

Изобилува со минералите калциум, калиум, железо, витамините од групата Б и бета каротен. Односно, во 100 гр црвена зелка има 31 калорија, од кои  1.43 гр се протеини, 0,16 гр се масти, не содржи холестерол, има 27 мг натриум, 243 мг калиум, 7,37 гр вкупни јаглехидрати, од кои 2.1 гр се растителни влакна.

Селенот во нејзиниот состав помага за регулирање на покачен крвен притисок, го подобрува имунитетот и плодноста кај мажите. Во народната медицина нејзиниот сок се користи за лекување на чир на желудник, а помага и против хеликобактер пилори.

Ви препорачуваме да прочитате: Црвена зелка – зеленчук со највисока содржина на антиоксиданси.

Сподели: