Црвена зелка - зеленчук со највисока содржина на антиоксиданси

Црвена зелка – зеленчук со највисока содржина на антиоксиданси

Освен што има убава, карактеристична и несекојдневна боја, интересната за изглед и многу здрава црвена зелка е вистинско растително богатство. Има многу малку калории и голем придонес за здравјето на очите и заштита од канцери.

Црвена зелка - зеленчук со највисока содржина на антиоксиданси

Во споредба со зелената зелка има малку погорчлив вкус и многу повеќе антиканцерогени состојки. Црвениот пигмент доаѓа од хемиските состојки наречени флавоноиди, додека остриот вкус се должи на сулфурните соединенија во нејзиниот состав.

Освен значајните флавоноиди, црвената зелка навистина изобилува со многу растителни влакна, витамини и минерали кои ја прават многу корисна за целокупното здравје на консументот. Применувањето на црвената зелка во секојдневната исхрана може да го удостои вашиот организам со двојна количина на растителни влакна во споредба со голем број други зеленчуци. Нивното значење е големо бидејќи придонесуваат кон чувство на ситост и полн стомак, па се пожелни за губење на телесна тежина. Растителните влакна, исто така ја блокираат абсорпцијата на холестеролот со што го штитат срцето од заболувања и го регулираат крвниот шеќер.

Од витамините најзначајна е количината на витаминот Ц, витаминиот А, витаминот Б6 и фолатите.

Дел од минералите во црвената зелка се есенцијални за организмот и е неопходно да се внесуваат преку исхраната, а такви се магнезиум, железо, калциум, цинк и фосфор. Како посебно вреден за внимание може да се издвои магнезиумот, од кој со изедена само една порција црвена зелка се обезбедува за организмот дури 10% од препорачливата дневна доза, а истиот е неопходен за правилно и добро функционирање на скелетната мускулатура, неуролошкиот и имуниот систем.

Се смета дека оваа зелка има највисока содржина на антиоксиданси од сите зеленчуци. Антиоксидансите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, оштетувањата на мозокот како Алцхајмерова болест и превенираат промени во структурата на ДНА под дејство на слободните радикали.

Главниот антиоксиданс кој го има во црвената зелка е истиот онај кој е одговорен за убавата боја, а тоа е флавоноидот цијанидин кој има силно антиоксидантно дејство со што овозможува превенција од одредени видови на рак, го спречува растот и ги инхибира канцерогените клетки, а исто така помага во обновувањето на клетките кои се оштетени.

Сподели: