Празниците се време за среќа, вкусна храна и мали радости што ги прават моментите посебни. Ако бараш впечатливо и вкусно предјадење за твојата новогодишна и божиќна трпеза, оваа празнична топка од крем сирење со сланина е совршен избор.
Ако деновиве се двоумите што да правите и како да ги искористите варените јајца имам супер едноставен и превкусен предлог! Пролетва се изнауживавме во најлесната и многу вкусна кремаста салата, па со радост ја споделувам со вас! Не ви треба ништо специјално, мојата брза крем салата со јајца од 4 состојки ќе ве освои со едноставноста! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Од Млекара Тетово ни пристигна подарок пакетче со Кораб кисела павлака, па Катерина од нашиот тим припреми нешто вкусно и вели: „Омилена на сите генерации! Популарно кажано ,,kid friendly” или совршена и за најмалите дечиња, а воопшто не изостануваат и постарите! Ја нареков крем салата и сос за сите сезони, затоа што точно e до буква! Неизмерно уживаме и во лето и во зима, и ја јадеме навистина често! Вкусот е пријатен и пожелен и за попребирливите, гарантирано ќе ве освои!“.