Здрава и вкусна! Ако ти треба идеја за посен и вкусен оброк, а истовремено брз и едноставен за подготовка, ти препорачувам да ја направиш брзата манџа од црвена леќа. Потребни ти се 15-тина минути за подготовка, а за помалку од половина час ќе имаш вкусен оброк за целото семејство.
Размрдајте го неделното мени со бургери во кои месото ќе го замените со смеса од леќа. Интересна, лесна и вкусна комбинација на состојки која сигурно ќе им се допадне и на децата. Рецептот за посни бургери со плескавици од црвена леќа ни го испрати нашата пријателка Викторија Спенџарска (vegan_viki_), а ние со задоволство го споделуваме со вас.
Вкусните и лесни чорби ни се омилени кога сакаме да јадеме нешто здраво, а не многу комплицирано за подготовка. Тие се совршен избор за здрав оброк и во лето и во зима. Изобилуваат со хранливи состојки, па се целосен оброк и го снабдуваат организмот со сè што му треба. Наш денешен избор е чорба од црвена леќа и пршута, рецепт кој го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана и многу ни се допадна.
Понекогаш за да се создаде уметност потребно e многу малку. Всушност сѐ што ви е потребно е креативност, фантазија, слободно време, стари непотребни предмети, малку лепило и боја. Ви претставуваме една техника со чија помош може да создадете вистински уметнички ремек дела и повторно да им го вратите животот на бескорисните предмети. Препуштете се на вашата фантазија и направете декоративно шише кое ќе го краси вашиот дом!
Вакви вкусни печени плескавици од црвена леќа се вкусни и за време на пости и секој ден! Додатокот на неколку зачини ги прави многу вкусни, а за правење е доста лесно.
Ако некогаш на пазарите можеше да се сретне само зелена леќа, денес изборот е проширен, па се почесто може да се најде и црвена леќа. Но, повеќето луѓе се уште се скептични и ја избегнуваат црвената леќа. Тоа најверојатно се должи на тоа што многумина не се запознаени со начинот на нејзиното приготвување. Затоа, со цел да ви помогнеме почесто да ја вкучите и црвената леќа во исхраната што почесто и да ги искористете придобивките кои ни ги нуди природата, решивме да ви ги откриеме најважните разлики помеѓу црвената и зелената леќа од кулинарски аспект!
Црвената леќа е помалку позната намирница, а многу корисна за здравјето. Во 100 грама црвена леќа има неверојатни 26 грама протеини, што ја прави вистинско протеинско богатство!
Ако не сте ја пробале леќата приготвена на овој навистина едноставен начин, не знаете што пропуштате! И нашите мајки подготвуваат многу слична посна чорба од леќа со суви пиперки. Традиционално уживаме во нејзиниот вкус, па кога го видовме рецептот на Кате, знаевме дека треба да го споделиме, затоа што вкусот е баш неодолив кога станува збор за чорба.
Кога сме кај посните рецепти, нашите пријателки се врвни експерти за тоа. Овој пат, Диана ни приготви многу интересен рецепт. Станува збор за посни макарони во сос од леќа, или уште познат како посен болоњезе сос.
Досадено ви е од класичните салати кои често ги правите дома? Сакате ли да испробате нов рецепт? Имаме супер предлог за салата со леќа, сирење и маслинки.
Катерина овој пат не изненадува со вегетаријански плескавици од леќа. Супер се за ручек во комбинација со салата, а може да си направите и вегетаријански сендвич.
Ви претставуваме прекрасен рецепт за домашен посен намаз од леќа! Многу е вкусен и долго ќе ве држи сити. Само неколку состојки и готов е. Сосема едноставно и брзо!
Леќата секако ни е познато растение на сите нас и веројатно не ретко ја употребуваме во нашата исхрана, но сепак кај нас најчесто употребувана е кафеаво зелената леќа, додека црвената леќа сеуште не е толку популарна. Сите сорти на леќа се многу здрави намирници, но сепак добро е да внесете разновидни намирници во вашата исхрана понекогаш зелената леќа да ја заменете со црвена леќа. Во продолжение прочитајте неколку идеи за подготовка на црвената леќа и за нејзината нутритивна вредност.
Леќата ни е добро познато растение на сите нас и е доста застапена во нашата исхрана. Таа припаѓа во групата на мешунки, a може да се сретне во сорти. Кај нас најчесто се користи зелената-кафеавата леќа, но во продавниците можеме да се најде црвена леќа или пак црна леќа.