Посен намаз од леќа 1

Посен намаз од леќа

Ви претставуваме прекрасен рецепт за домашен посен намаз од леќа! Многу е вкусен и долго ќе ве држи сити. Само неколку состојки и готов е. Сосема едноставно и брзо!

Ако готвите поголема количина на леќа, можеби за чорба или за вариво, следниот пат обавезно издвојте една шолја и пробајте го намазот кој подоцна постојано ќе сакате да го јадете. А, ние и заблагодаруваме на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone за одличниот рецепт!

Посен намаз од леќа 2

Состојки:

  • 2 шолји варена леќа
  • морков, целер, пашканат може да додадете по желба
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • сечкан магдонос по потреба,
  • сол, црн пипер по потреба.

Подготовка:

  1. Леќата потопете ја во ладна вода од претходниот ден, најдобро од вечерта.
  2. Утредента турете нова вода и по желба додајте од дополнителните намирници. Оставете да се вари на тивка температура околу 40-60 минути, додека леќата и додадените зеленчуци убаво омекнат.
  3. Потоа, исцедете ја течноста (можете да ја искористите за подготовка на чорба) и оставете леќата да се излади.
  4. На малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека да стане слаткаст.
  5. Леќата (и зеленчукот доколку сте се одлучиле да го додадете) ставете ја во блендер, а потоа додајте го запжениот кромид, чешнето лук, сол и црн пипер по вкус . Смесата убаво изблендирајте ја додека стане кремаста.
  6. На крај додајте поголема количина ситно сечкан магдонос и по желба уште малку масло.
  7. Послужете како намаз на леб или како сос за дополнување на вкус, зависно од вашите навики. Вака припремениот намаз, во фрижидер можете да го чувате 3-4 дена. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 здрави и испробани рецепти за посни намази.

Сподели: