Посни печени плескавици од црвена леќа 1

Посни печени плескавици од црвена леќа

Вакви вкусни печени плескавици од црвена леќа се вкусни и за време на пости и секој ден! Додатокот на неколку зачини ги прави многу вкусни, а за правење е доста лесно.

Ако не сакате да ги јадете во посна варијанта како што е во предложениот рецепт од Кате, ние пробавме до додаток на мелено месо во составот и резултатот беше екстра и во тој случај. Останува на вас да изберете вкус по желба.

Посни печени плескавици од црвена леќа 2

Состојки:

  • 125 г црвена леќа
  • 1 мала главица кромид
  • 1 морков
  • 1/2 тиквичка
  • 3 чешниња лук
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка ким
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 лажиче куркума
  • лебни трошки по потреба
  • маслиново масло, сол и црн пипер по потреба.

Подготовка:

  1. Ставете ја леќата во ладна вода да отстои преку ноќ. Пред да ја приготвите измијте ја и убаво исцедете.
  2. Наредниот ден, ставете ги киснатата леќа, кромидот и кимот во сечко. Откако ќе ги исечкате префрлете ја смесата во длабок сад.
  3. Во меѓувреме, во тава на оган ставете масло да се загрее.
  4. Во тавата со загреано масло додајте ги ренданите тиквичка и морков и сечканото лукче.
  5. Кратко пропржете за малку да омекнат.
  6. Оставете да се изладат, а потоа додајте ги во садот со леќата.
  7. Додајте го и печивото, куркумата и магдоносот.
  8. Промешајте, па постепено додавајте од лебните трошки.
  9. Додавајте додека добиете смеса со соодветна густина и лепливост, за да може да ги оформите плескавиците.
  10. Со намрсени раце земајте од смесата и формирајте ги плескавиците.
  11. Наредете ги во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
  12. Премачкајте ги со маслиново масло и печете на 200 степени, околу 15-20 минути. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански плескавици од леќа.

Сподели: