Вегетаријански плескавици од леќа

Катерина овој пат не изненадува со вегетаријански плескавици од леќа. Супер се за ручек во комбинација со салата, а може да си направите и вегетаријански сендвич.

Лесно и едноставно се прават, а комбинацијата на состојки ветува одличен вкус. Ајде да ги пробаме!

плескавици од леќа

Состојки:

  • 110 гр леќа
  • 25 гр кус кус
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 гранчиња магдонос
  • 1 лажица пченкарно масло
  • по потреба брашно од наут
  • 2 лажици пармезан
  • по потреба масло, сол, црн пипер.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете вода. Во водата додајте ја исчистената и измиена леќа. Сварете ја леќата и оставете да се подолади.
  2. Кус кусот ставете го во сад со 25мл вода. Покријте го садот со капак и оставете 7 минути да ја апсорбира водата.
  3. Во кујнски сечко или блендер ставете ги леќата, кус кусот, кромидот, лукот, пченкарното масло, магдоносот, пармезанот, малку сол и црн пипер.
  4. Сето тоа убаво измиксајте го.
  5. Истурете ја смесата во сад и по потреба додавајте брашно од наут, за да можете да обликувате плескавици.
  6. Земајте од смесата и формирајте плескавици.
  7. Пржете ги во тава со загреано масло на среден оган по 5-6 минути од секоја страна. Готовите плескавици од леќа извадете ги од тавата и ставете ги врз кујнска салфетка за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли во комбинација со свежа салата, а може да ги искористите и за во сендвич. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Едноставни ќофтиња од леќа.

Сподели: