posni zdravi kolacinja

Брзи здрави колачиња со јаболка и суво грозје – посен рецепт со 5 состојки

Кога ти се јаде нешто благо, а немаш многу време за подготовка, овие брзи здрави колачиња се одличен избор! Се подготвуваат со само пет состојки, без брашно, јајца, млечни производи и додаден шеќер. Природно слатки од јаболката и сувото грозје, со неодолива арома на цимет и кремаста нота од кикирики.

Посни бомбици од палента

Посни бомбици од палента (без масло) од кујната на Марија Кочовска 

За време на постите, изненадете го семејството и пријателите со брз, едноставен и многу вкусен рецепт кој изгледа одлично на секоја трпеза. Овие мали декоративни залчиња – посни бомбици од палента се совршени за слави, имендени или како лесна и здрава закуска.

Посни колачи

11 рецепти за посни колачи и торти – мини готвач

Кога душата посакува нешто благо, секогаш има решение – и во пост. Со малку љубов и вистински состојки, може да се направат десерти кои ќе ги соберат сите околу масата. Во овој мини готвач ве очекуваат 11 рецепти за посни торти и колачи – касато торта без печење, крцкави колачиња и неодолива чоколадна торта.

Посни главни јадења мала

Мини готвач – 11 рецепти за посни главни јадења

Постот не мора да значи еднолична исхрана! Со малку креативност, посната трпеза може да биде и вкусна и разновидна. Во овој мини готвач ќе најдете 11 рецепти за посни главни јадења – едноставни за подготовка, хранливи и идеални за секојдневие. Од топли чорби и манџи, до печени специјалитети и здрави комбинации – инспирација за сите кои сакаат да готват посно, а сепак вкусно.

посни рецепти

Мини готвач – 15 најдобри посни рецепти за кифлички, лепчиња и пити

Ако сакате вкусни и меки печива, а воедно постите или едноставно сакате полесна храна, овие идеи се совршени за вас. Во продолжение ви претставуваме мини готвач со 15 најдобри посни рецепти за кифлички, лепчиња и пити – едноставни за подготовка, а неодоливо миризливи и вкусни.

слатки идеи за појадок

3 брзи, слатки и посни идеи за појадок – од кујната на Марија Кочовска

Лесни пости на сите кои постат периодов! По овој повод ви припремив 3 здрави и превкусни, посни идеи за појадок или слатка ужина. Во маркетите ги забележав новите лебови на Жито Лукс кои се направени од 100% цело зрно. Така се инспирирав да споделам идеи за појадок кои верувам дека ќе им користат на сите. 

Здрави новогодишни салати

3 идеи за новогодишни салати 

Најубавиот перидот започна! Прво се славите и имендените, а ни доаѓаат Новата година и Божиќ. Заедно со нашите пријатели Фила ви препорачуваме да консумирате здрава храна и за време на празниците. Руската салата, заменете ја со поздрави салати. Споделуваме 3 идеи за новогодишни салати кои ќе ја разубават вашата трпеза, а не содржат голем број на калории. 

3 посни солени идеи за појадок

3 посни идеи за појадок со интегрален леб – предлози од Марија Кочовска

Ти требаат посни идеи за појадок? Слатко или солено? – Месецов се инспирирав да споделам различни брзи идеи за појадок во посна верзија од кои верувам дека ќе го пронајдеш твојот фаворит. Основа за појадоците ми се новите интегрални лебови со 100% цело зрно од Жито Лукс. Овој пат ги искористив за посни солени предлози. 

печени посни ролнички со тиквички и моркови

Печени посни ролнички со тиквички и моркови – од кујната на Марија Кочовска

Превкусни и едноставни за подготовка! Летни, сочни и свежи. Приготвив печени посни ролнички со фил од тиквички и моркови. Инспирација за овој рецепт ми беа Vegan Natura и готовите кори за цирага бурек, но, несакав да ги припремам со пржење. Одлучив да направам поздрава варијанта со печење и зеленчуци. Ви препорачувам да ги направите во прва прилика! 

Готвиме со Катерина Ш. Спасеновска: Летно мени - 2 рецепти за посни салати

Готвиме со Катерина Ш. Спасеновска: 2 рецепти за посни салати

Никој не сака да поминува многу време во кујната подготвувајќи разни јадења. Уживајте во вкусна храна, а за таа цел, денес ви споделуваме едноставно мени со 2 рецепти за посни салати кои ги приготви Катерина од нашиот тим.

Бургери со плескавици од црвена леќа

Посни бургери со плескавици од црвена леќа

Размрдајте го неделното мени со бургери во кои месото ќе го замените со смеса од леќа. Интересна, лесна и вкусна комбинација на состојки која сигурно ќе им се допадне и на децата. Рецептот за посни бургери со плескавици од црвена леќа ни го испрати нашата пријателка Викторија Спенџарска (vegan_viki_), а ние со задоволство го споделуваме со вас.

Медитерански посни брускети со домати

„Време е за нов летен рецепт кој верувам дека ќе ве освои! Освежителни, крцкави и превкусни брускети со домати, за мезе, лесен појадок или вечера. Инспирација за подготовка на брускетите ми беше новиот балсамико крем од Витаминка, за кој направивме мало истражување и објавивме текст пред неколку денови: Кои се разликите помеѓу балсамико крем и балсамико оцет? Како се употребуваат?