Заедно патуваме и ја откриваме светската кујна! Ги дегустираме најдобрите јадења во нашите домови. Така и овој пат – споделуваме рецепт за француски тост.
Подгответе си појадок како од ресторан, а едноставно! – Има стотици начини за подготовка на јајца со изварка, со сирење, со кисела павлака, шунка или сланина, печурки, пиперки, домати, кромид, зачини по избор…. Многу различни состојки може да се користат за надополнување на вкусот, а можностите се бесконечни.
На Инстаграм може да се најдат повеќе креативни профили на млади девојки и момци кои секојдневно ги објавуваат своите рецепти. Затоа, одлучивме да ги вклучиме најдобрите македонски фуд блогери од Инстаграм и да ги презентираме вкусните рецепти кои ги приготвуваат. Меѓу нив е и блогерот Дејан кoj испрати еден интересен рецепт за крцкави зачинети печурки.
Што би рекол нашиот народ „невидено вкусни“! Ако сакате да направите нов и малку поинаков десерт, рецептот за крцкавиве шпански крофни и тоа како ќе ви се најде! Најпознати се под името чурос и наликуваат на интересни стапчиња. Обично се наросуваат со шеќер во прав и цимет, или се јадат со топло чоколадо или прелив. Сигурно ќе уживате, ви гарантираме!
Имаме традиционален рецепт од белоруската кујна за вегетаријански ќофтиња со компири и тиква! Станува збор за ќофтиња кои се познати под името драники, а се приготвуваат со рендани компири, јајца, брашно и кромид, а по желба може да се додадат и други состојки како тиквички, тиква, мелено месо, печурки, сирење…