posni koftinja so kompiri i cveklo

Посни ќофтиња со компири и цвекло

На нашата страница може да се најдат голем број на рецепти за посни ќофтиња. Кои од кои поубави и повкусни! А сега листата е збогатена со нов рецепт за посни ќофтиња со компири и цвекло.

Овие убави ќофтиња ги приготви Диана, а таа вели дека највкусни се додека се топли и послужени со сенф. А најдобро од сѐ е тоа што се прават со многу едноставни состојки.

посни ќофтиња со компири и цвекло

Состојки:

  • 1 главица цвекло
  • 2 компири поголеми
  • 1 мала лажичка густин (скроб, нишесте)
  • 1 лажица лебни трошки
  • сол, црн пипер, индиско орвече, мелен ким, коријандер за зачинување
  • 1 супена лажичка сечкан свеж магдонос
  • 1 страк млад кромид или 1 мала главица кромид
  • лебни трошки по потреба за похување
  • масло за пржење на ќофтињата.

Подготовка:

  1. Цвеклото се става во тенџере со вода да се вари. Во друго тенџере со вода се ставаат компирите да се варат.
  2. Варените компири и цвекло се оставаат да се изладат. Потоа се лупат и рендаат на крупната страна на рендето.
  3. Ренданото цвекло и компири се ставаат во длабок сад и се додаваат зачините по вкус, ситно сечканиот кромид, лебните трошки и густинот. Сместа се меша со лажица и се остава да се излади целосно за време од 20 до 30 минути.
  4. Од смесата се формираат ќофтиња кои се валкаат во лебни трошки. Вака приготвените ќофтиња се пржат во нелеплива тава со поголема количина на врело масло од двете страни.
  5. Пржените ќофтиња се вадат врз кујнска салфетка за да се впие вишокот на масло. Готовите посни ќофтиња со компири и цвекло послужете ги додека се топли со сенф. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посни ќофтиња од компири и ориз.

Сподели: