Еве уште еден здрав рецепт кој се приготвува лесно и едноставно. Од кујната на Невена ни доаѓа вкусно јадење за зачинети компири и грашок, приготвени со најздравите зачини како куркума, кари, магоднос и ким. Посно, вегетаријанско и не содржи глутен!
Дефинитивно грашокот е намирница чиешто значење за нашето здравје не е доволно нагласено и паради тоа можеби е помалку застапен во нашата исхрана. Во понатамошниот текст ви наведуваме неколку факти за вкусниот грашок, а со тоа и неколку причини плус, за да го вклучите грашокот во вашата секојдневна исхрана.
Грашокот е растение кое луѓето го сместуваат или во групата на зеленчуци или во групата на мешунки. Без разлика на групата во која припаѓа, грашокот е многу здрава намирница преполна со корисни нутриенти кои имаат својство да го сочуваат и подобрат нашето здравје. Во понатамошниот текст прочитајте на кои се начини секое зрно грашок е корисно за организмот.
Штом се спомне комбинација на мелено месо и сос веднаш пред очите се појавува асоцијација на превкусен оброк за тестенини со болоњезе сос. Толку сочен и богат вкус, рај за очите и за душата. Убави за да ги јадеме со семејството, пријателите, роднините, колегите, зашто нема кој не ги сака вака подготвените тестенини!