крем супа од грашок

Крем супа од грашок и компири

Убава и лесна крем супа од грашок и компири од нашата кујна, за сите генерации. Ако ви се најавиле гости или сакате да припремите вкусна крем супа за целото семејство, со неколку состојки кои ги имате во кујната, ви предлагаме да го пробате овој едноставен рецепт.

Супата е нискокалорична, идеална за вегетаријанци, деца и повозрасни личности, како и за лица кои практикуваат исхрана без глутен.

крем супа од грашок

Состојки:

  • 400 грама замрзнат грашок
  • 5 компири со средна големина
  • сол, црн пипер, лук во прав
  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • 100 мл неутрална павлака за готвење.

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки. Во тенџере на оган, на средна температура налејте вода и ставете ги компирите да се варат. Техниката за најбрзо варење на компири прочитајте ја тука.
  2. Во друго тенџере на оган, налејте вода и ставете го грашокот да се вари.
  3. Штом компирите и грашокот ќе се сварат, исцедете ги и оставете ги кратко да се изладат. Потоа, варените компири, грашок и малку од водата во која се вареше грашокот ставете во блендер и миксирајте ги за да се добие хомогена густа смеса.
  4. Во тенџере на оган ставете 1 литар вода и додадете ја коцката за супа. Штом водата ќе зоврие додајте ги блендираните грашок, компири и зачинете по вкус. Супата варете ја 8 минути, а потоа додадете ја неутралната павлака. Варете уште 2 минути. Готовата крем супа од грашок послужете ја додека е топла. На здравје!

Сподели: