Ако барате брз и лесен рецепт за сечиј вкус, ви предлагаме да пробате ориз со зеленчук и мелено месо. Оризот сварете го по рецептот на Џејми Оливер, а вкусното јадење послужете го како ручек или вечера.

Состојки:
- 3 чаши варен ориз
- 150 грама мешано мелено месо
- 3 лажица масло
- 1 ½ чаша замрзната златна мешавина (грашок, морков и пченка)
- 1 мала главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 јајца
- 2 лажица соја сос
- сол и црн пипер.
Подготовка:
- Мешавината ставете ја во тенџере со вода, на оган да зоврие. Варете за време од 5 минути.
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во нелеплива тава или вок тава, на оган, на средна температура загрејте 2 лажици масло. Во тавата додадете го меленото месо и пропржете го за време од 3 до 4 минути. Меленото месо ставете го во чинија.
- Во тавата додадете го преостанатото масло. Штом маслото ќе се загрее ставете го ситно сечканиот кромид. Пропржете го кромидот за време од 2 до 3 минути, а потоа додадете го лукот и пржете уште 2 минути.
- Во тавата додадете ја златната мешавина и пропржете кратко време.
- Јајцата изматете ги со виљушка. Зеленчукот тргнете го по краевите на тавата, додадете ги јајцата на средина и запржете.
- Штом јајцата ќе се запржат, во тавата додадете го меленото месо и оризот. Промешајте, а потоа додадете соја сос, сол и пипер по вкус. Пржете уште 2 до 3 минути. Припремениот ориз со зеленчук послужете го додека топол.