Рецепт за руска салата

Припремете се за дегустација на руска салата која важи за една од омилените за сите сезони, слави и празнувања, имендени, родендени и разни други убави поводи. Се прави брзо и едноставно, а излегува во доволна количина, па ќе може да ја уживаат во изобилство сите!

Познатата и од небројно многу луѓе обожавана руска салата има долга традиција и се подготвува во голем број земји од светот, па така претрпувала и повеќе промени во составот. За прв пат била направена во Москва, во палатата Ермитаж, од рускиот готвач Луциен Оливиер.

Руска салата

Состојки:

  • 250 гр салама
  • 250 гр кашкавал
  • 250 гр компири
  • 250 гр кисели краставички
  • 250 гр грашок
  • 250 гр мајонез
  • 2 јајца.

По желба може да додадете и 250 гр моркови.

Подготовка:

  1. Најпрво се варат јајцата, компирите и грашокот (секако доколку се користи грашок од конзерва не е потребно да се вари, исто така ако додавате моркови треба да ги сварите и нив).
  2. Откако ќе се изладат се сечкаат на ситни коцки, а исто така се сечкаат и саламата, кашкавалот и киселите краставички.
  3. Сите состојки, така ситно исечкани се ставаат во еден поголем сад и добро се мешаат.
  4. На крај, се додава мајонезот и се додава сол по вкус, по што повторно се меша додека смесата убаво се изедначи и се соединат состојките.
  5. Готовата руска салата кратко се остава во фрижидер, а потоа може да се сервира и послужи.

Пријатен апетит!

Сподели: