чоколадни бомбици со лешници рум и портокал

Чоколадни бомбици со лешници, рум и портокал

Ако ви се јаде нешто благо или сакате да подготвите вкусен десерт за пријателите, ви предлагаме да ги пробате чоколадните бомбици со лешници, рум и портокал. Рецептот е од кујната на Марија Кочовска, многу е едноставен и лесен, а ќе ви бидат потребни петанесеттина минути за да уживате во прекрасниот чоколаден кремаст вкус надополнет со освежителната арома на портокал и примамливиот мирис на рум.

Чоколадни колачи - Велигденски гнезда

Чоколадни колачи – Велигденски гнезда

Овој Велигден направете малку поинакви чоколадни колачи. Чоколадните гнезда се совршен десерт за велигденските празници, родендени и разни други убави свечености и поводи. Лесно се прават, изгледаат сензационално и се многу вкусни.

Чоколадни мафини

Чоколадни мафини – здрави и без брашно

Ви предлагаме да го пробате овој рецепт за здрави чоколадни мафини кои се подготвуваат без брашно. Иако често се случува десертите да не можат да се комбинираат во варијанта која може да се нарече здраво и чоколадно, овие чоколадни мафини се вистински доказ дека е можно да се изведе и тоа на вкусен начин. 

колачи со вишна

Чоколадни колачи со вишна

Ги обожавате ли малите чоколадни бомбони полни со вишна и ароматичен ликер? Ако вашиот одговор е да, сега ќе може и дома да си направите чоколадно уживање со вишни. Чоколадните колачи со вишна имаат богат вкус и изглед, а брзо се припремат.

колачи со кокос и чоколадо

Колачи со кокос и чоколадо

Прекрасни чоколадни колачи со кокос, совршени за празнична трпеза! Обично ги подготвуваат за време на пости, или кога сакаат да се засладат со некој помалку калоричен десерт, а она што е важно е дека се подеднакво убави и со вода и со млеко, па слободно може да ја изберете својата омилена варијанта и вкус. Чоколадото може да биде бело или црно зависно од вашата желба, а исто така може да ги направите комбинирани, па да уживате во нивниот декоративен изглед.

Солени колачи со блитва и јогурт

Кога сакате да подготвите нешто вкусно и несекојдневно, ви предлагаме да направите солени колачи со блитва, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата домашна трпеза. Овие колачи одлични се за роденденски забави и ви овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде блитва.