Кога сакате да подготвите нешто вкусно и несекојдневно, ви предлагаме да направите солени колачи со блитва, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата домашна трпеза. Овие колачи одлични се за роденденски забави и ви овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде блитва.

Состојки:
- 2 јајца
- 25 мл масло
- 200 мл јогурт
- 5 лажици пармезан
- 100 гр обарена блитва
- 1/2 ќесичка прашок за печиво
- 1/2 лажичка сол
- по потреба брашно (околу 350-400 гр)
Подготовка:
- Најпрвин обарената и убаво исцедена блитва исечкајте ја на ситни парчиња.
- Во сад ставете ги јогуртот, пармезанот, јајцата, маслото, сечканата блитва и солта.
Измешајте ги убаво овие состојки, а потоа постепено додавајте брашно измешано со прашокот за печивото. Месете додека добиете меко нелепливо тесто. - Од тестото формирајте топчиња. Наредете ги во плех, премачкајте ги со масло и печете ги во загреена рерна од 200 степени за време од 25 минути.
Рецептот го испрати: Катерина Милошевска Глигороска