Посни коцки со кокос и портокал

Посните коцки со кокос и портокал потекнуваат од австралискиот регион, а хрватската варијанта на подготовка е претставена на блогот Trydiani. Овие вкусни посни коцки потопени со чоколадна глазура се популарен десерт, а претставуваат слатко задоволство за сечиј вкус.

посни коцки со кокос

Состојки:

  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша сок од портокал
  • 1/2 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • малку сол
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • кора од 1 портокал.

За глазура:

  • 50 гр какао
  • 150 гр маргарин
  • 100 мл млеко од соја
  • ½ чаша шеќер
  • 1 лажица ликер од кафе, кора од портокал или арома по ваш вкус
  • 200 гр кокосови трошки.

Подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат брашното, шеќерот, сокот од портокал, маслото, солта, прашокот за печиво, ванилата и кората од портокал. Се мешаат убаво сите состојки за да се добие хомогена смеса.
  2. Во тава обложена со хартија за печење се става смесата за колачот. Се пече во загреена рерна на 180 степени за време од 25 до 30 минути.
  3. Испечениот колач се вади од рерната и се остава да се излади. Потоа се става во фрижидер да стои за време од 12 часа, за да може убаво да се стегне и полесно да се сече во правилни коцки.
  4. Глазурата се припрема така што во сад на оган се ставаат маргаринот, млекото и шеќерот. Состојките се мешаат за да се растопи маргаринот и шеќерот. Потоа во садот се додаваат ликерот, какаото и повторно се мешаат сите состојки. Садот се трга од оган.
  5. Изладените посни коцки се потопуваат во чоколадната глазура и се наросуваат со кокосови трошки.

Сподели: