Ги избравме најдобрите посни јадења со ориз. Од големиот број на посни рецепти кои се објавени на sezahrana.mk, направивме убава колекција. Се надеваме дека ќе ви бидат од голема корист и ќе ги дегустирате наредниве денови.
Посните јадења и печива често се приготвуваат, па секогаш се добредојдени нови предлози за рецепти. А нам најомилени ни се посните кифлички кои се приготвени со фил. Филот може да се направи на различни начини, со печурки, спанаќ, маслинки, кисели краставички… Сепак, важно е да се погоди рецептот за да немате грижи дали јадењето ќе испадне добро или не. За да ви го олесниме изборот, направивме листа на нашите најдобри 8 рецепти за посни кифлички, пирошки и пици со печурки. Печурките ги обожаваме, па еве кои се нашите предлог рецепти.
Шампињоните се најлесно достапни од сите видови на печурки. Се користат во чорби, специјалитети со месо, пици, салати и каде ли уште не. Тие се особено корисни за нашето здравје, а акцентот за нивното позитивно влијание е на имунитетот. Во таа насока, ви предлагаме да ја пробате оваа салата со маринирани шампињони, која може да ја консумирате во зимскиот период и да си го подобрите вашето здравје во целост.
На планетава има околу 140.000 видови различни врсти на печурки, но науката е запознаена само со еден мал нивен процент. Благодарение на печурките, откриен е и пеницилиумот. Заедничко за сите печурки е тоа што тие го зајакнуваат нашиот имунитет, иако, тоа во најголема мера важи само за органски одгледаните печурки.
Кога имате вишок намирници, може да се случи да не знаете што да направите со нив. Освен, ако не добиете добра идеја како ние во овој случај! Повторно креиравме радост во нашата кујна, неодоливо вкусни потпечени безглутенски макарони со фил од печурки и прелив кој им даде изглед кој мами! Ние уживавме многу во нивниот вкус, или подобро речено беше семејна дегустативна журка!
Солењето на храната за време на готвењето, зависи од тоа што го готвите. Претходно пишувавме кога се солат гравот, тестенините и оризот, а сега имате можност да дознаете и за други намирници. Како едни од најчесто користените во кујната се кромидот, месото и компирите, па решиме да ги најдеме и откриеме тајните на готвачите. Во продолжение прочитајте ги советите за солење на месо, динстан кромид, печурки и јадења со компири.