Домашна штрудла со пилешко, печурки и кашкавал 1

Домашна штрудла со пилешко, печурки и кашкавал

Задоволство за сите сетила! Ваквата штрудла со пилешко, печурки и кашкавал ќе направи вистинска гозба за вашите очи, а што да кажеме за дегустативните сетила… Врвно уживање за секој обожавател на вкусна храна!

Можете да ја припремате за домашни секојдневни пригоди или кога ќе ви доаѓаат гости. Многу е убава и вкусна, ќе ја краси трпезата!

Домашна штрудла со пилешко, печурки и кашкавал 2

Состојки:

За тесто:

  • 600 гр брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • ½ лажичка сол
  • 150 мл кисело млеко
  • 250 мл млеко (треба да е на собна температура)
  • 100 мл масло
  • 1 јајце.

За фил:

  • 350-400 гр пилешки стек
  • 250 гр шампињони
  • 150-200 гр кашкавал
  • 1 помала главица кромид
  • оригано по вкус
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • 1 јајце.

За премачкување:

  • 1 изматено јајце.

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги сите состојки за тестото и со раце замесете ги во меко и мазно тесто. Откако еднаш добро сте го измесиле, премачкајте го со малку масло, па повторно измесете го во мазно топче.
  2. Припремете ги состојките за фил. Стекот исечкајте го на ситни коцки. Шампишоните измијте ги и исечкајте ги. Кашкавалот изрендајте го, а кромидот излупете го и исто така ситно изрендајте го.
  3. Во друг сад ставете ги сите состојки за филот и зачинете ги по вкус. Добро измешајте ја смесата и поделете ја на 3 дела.
  4. Претходно припременото тесто поделете го на 3 дела.
  5. Од секој дел, развлечете правоаголник со дебелина од неколку милиметри, а ова може да го регулирате и според вашата желба и во должина според плехот во кој планирате да печите.
  6. 1/3 од филот ставете ја врз првата кора. Повторно премачкајте од филот, па ставете ја втората кора. Пак ставете фил и на крај третата кора одозгора.
  7. Внимателно завиткајте го ролатот, па ставете го да се печи во претходно припремен плех со хартија за печење.
  8. Премачкајте со изматеното јајце и ставете ја штрудлата да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, а штом ја ставите да се печи намалете ја температурата на 180 и печете околу 40-45 минути. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Солени палачинки со фил од пилешко месо и печурки.

Сподели: