Маринирани шампињони - одлична зимска салата 1

Маринирани шампињони – одлична зимска салата

Шампињоните се најлесно достапни од сите видови на печурки. Се користат во чорби, специјалитети со месо, пици, салати и каде ли уште не. Тие се особено корисни за нашето здравје, а акцентот за нивното позитивно влијание е на имунитетот. Во таа насока, ви предлагаме да ја пробате оваа салата со маринирани шампињони, која може да ја консумирате во зимскиот период и да си го подобрите вашето здравје во целост.

Овие маринирани печурки се феноменална салата за секоја пригода. Сигурни сме дека вашите гости нема да останат рамнодушни и ќе ви бараат рецепт, а во продолжение ви прикажуваме како може да ги направите!

Маринирани шампињони - одлична зимска салата 2

Состојки:

  • 1 ¼ шолја бујон од зеленчук
  • ¼ шолја суво бело вино
  • ½ ловоров лист
  • 1 и ½ лажичка свежо оригано
  • 1 и ½ лажичка свежа мајчина душица
  • ¼ лажица толчена лута пиперка
  • ½ лажица рендана кора од лимон
  • 450 грама помали шампињони
  • ½ зелена бабура исечкана на коцки
  • 1 помала главица ситно сечкан кромид
  • 1 помало чешне лук, ситно исечкан
  • З лажици оцет балсамико
  • 1 лажица киселина
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус.

*Препорака: Доколку немате свежи, може да користите и суви зачини.

Подготовка:

  1. Турете ги бујонот, виното, ловоровиот лист, ориганото, мајчината душица, кората од лимон и толчената пиперка, во доволно голем сад за да ги собере шампињоните. Ставете го садот на оган, па кратко зовријте ја смесата.
  2. Додека се загрева бујонот, исчистете ги шампињоните и скратете им ги дршките. Откако ќе ги исчистите додадете ги и нив во бујонот. Заедно нека вријат околу 5-6 минути, бидејќи течноста нема да ги прекрие шампињоните во целост, потребно е да се мешаат додека се варат.
  3. Откако ќе се поварат шампињоните, извадете ги со помош на лажица и ставете ги во поголема тегла. Во бујонот додадете ги пиперката, младото кромитче и лукот. Зголемете ја температурата и варете додека течноста се преполови.
  4. Во вака приготвената маринада додадете ги киселината, оцетот балсамико, маслиновото масло, солта и црниот пипер. Потоа, прелијте ги шампињоните и добро промешајте за печурките да се обложат со маринадата.
  5. Вака подготвените шампињони може да ги консумирате после 1 час, но највкусни се доколку отстојат неколку дена. Чувајте ги во фрижидер најмногу една недела. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брзо мезе – полнети шампињони.

Сподели: