Тортелини во кремаст сос од печурки и ореви

Тортелини во кремаст сос со печурки и ореви

Нов, супер вкусен рецепт за подготовка на тортелини во кремаст сос со печурки и ореви! Ни доаѓа од кујната на Диана. Толку убаво изгледаат, што можеби ќе помислите дека рецептот може да го направат само оние поискусните во кујната. Но, тоа не е така!

Подготовката на тортелините и кремастиот сос е навистина едноставна и вреди да се проба.

тортелини во кремаст сос од печурки

Состојки:

  • 500 грама тортелини со спанаќ
  • 2 лажици масло или путер
  • 250 грама свежи или маринирани печурки
  • ¼ чаша сечкани ореви
  • 1 чаша течна неутрална павлака
  • ¼ мала лажичка црвена пипер
  • ¼ чаша пармезан
  • 1 мала лажица нишесте
  • ¼ чаша течност во која се вареа тортелините
  • ¼ чаша магдонос
  • 1 лажица млад лук по желба.

Подготовка:

  1. Тортелините се приготвуваат во согласност со препораките наведени на пакувањето. Откако ќе се сварат се цедат, а дел од течноста се става во сад на страна. Цедените тортелини се ставаат на топло место.
  2. Печурките се мијат и се сечкаат на половина.
  3. Во голема тава на оган, на средна температура се ставаат 2 лажици масло или путер. Штом маслото се загрее, во тавата се ставаат печурките да се пропржат, додека добијат златеста боја. Потоа се додаваат оревите и кратко се пропржуваат.
  4. Во тавата се додаваат течната павлака и нишестето измешано со водата во која се вареа тортелините. Температурата се намалува на тивко и се остава сосот да се вари околу 5 минути.
  5. Сосот се посолува, зачинува со мелен црн пипер и се додава пармезанот. Се меша со жица за матење додека сосот се хомогенизира. Потоа, тавата се трга на страна.
  6. Топлите тортелини се прелеваат со сосот и се служат со сечкан магдонос, сечкан млад лук и црн пипер по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашни тортелини во сос од сланина и пармезан по италијански рецепт.

Сподели: