Лахмаџун е традиционално турско јадење, кое лесно може да го направите дома. Во буквален превод значи тесто со месо, а е познато и како турска пица. Еве што ви е потребно за да направите лахмаџун.

Домашната пица е секогаш омилена во семејството, но нејзината подготовка е предизвик од кој ретко кој се откажува додека не ја пронајде совршената формула за меко тесто со малку крцкави рабови какво што подготвуваат најдобрите пица мајстори. Ако ви се јаде домашна пица, а немате многу време сега може да направите брзо тесто за пица кое не содржи квасец, со што се заштедува времето кое е потребно за нараснување на истиот.