Брза пица од леб 1

Брза пица од леб

Ние ги обожаваме иновативните рецепти со кои од малку состојки може да направиме интересни и брзи јадења. Блогот на нашата пријателка Лана изобилува баш со такви рецепти –  едноставни, превкусни и што е најважно со лесно достапни намирници. За денес, издвоивме за вас еден необичен рецепт за брза пица од леб. Совршена за деновите кога не ви се готви, а сепак сакате да направите нешто вкусно за најблиските.

пица со четири сирења

Пица со четири сирења – Quattro Formaggi

За љубителите на сирење, оваа пица со четири сирења е вистински рај! Позната е под името Quattro Formaggi, што во превод значи четири сирења. Традиционално се приготвува со моцарела, страчино, фонтина и горгонзола. Но, честопати едно од последните три сирења може да се замени со рикота.

Брз летен рецепт - Fantasia пица мафини 1

Брз летен рецепт – Fantasia пица мафини

Летото е идеално време за дружење, забава и уживање со најдобрите пица мафини! Ви ја откриваме нашата тајна, а тоа се мешавините на Fantasia за подготовка на пица мафини и други слатки десерти. Голема предност е што може да ги направи секој и тоа многу лесно. А освен тоа, нема потреба да се грижите за набавка на хартиените калапи, затоа што и нив ги има во пакувањето!

Домашен доматен сос за тестенини и њоки 1

Домашен доматен сос за тестенини и њоки

Овој домашен доматен сос е совршен за тестенини, пица, њоки  или лазања. Морковите му даваат свеж и сладникав вкус кој најчесто им недостасува на традиционалните сосови од домати. А што е најважно, морковите воопшто не се ни забележуваат и дефинитивно ќе ја почуствувате разликата која тие ја прават во вкусот. Сигурни сме дека ќе ви се допадне!

Домашна Пеперони пица

Мммм…пица! Зарем постои човек на светот што не го обожава ова ремек дело на италијанската кујна? Топло и убаво испечено тесто во фурна, доматен сос, оригано, кашкавал што топи во устата и месни додатоци кои го даваат вистинскиот мирис и шмек. Станавте гладни зар не? Еве еден предлог за познатата Пеперони пица, кој сигурно ќе ви се допадне. 

Домашна вегетаријанска пица со тиквичка

Речиси и да нема човек кој може да му одолее на ова ремек дело од италијанската кујна. Но за жал, кога помислуваме на пица првото нешто на што нѐ асоцира е на брза и нездрава храна. Но, тоа не е секогаш така! Доколку ја подготвите дома, со здрави состојки и зачини, таа може да биде навистина хранлив и вкусен оброк. Затоа имаме супер предлог. Направете вегетаријанска пица, а со сигурност ќе заштедите и некоја калорија во вашето дневно мени.

Морска пица со тиквички

Морска пица со тиквички

Мммм…пица! Зарем постои човек на светот што не го обожава ова ремек дело на италијанската кујна? Топло и убаво испечено тесто во фурна, доматен сос, оригано, кашкавал што топи во устата и месни додатоци кои го даваат вистинскиот мирис и шмек. Станавте гладни зар не? Еве еден предлог за љубителите на морска храна, сигурно ќе ви се допадне. Станува збор за испробан рецепт за морска пица со тиквички.

„Стромболи“ или пица леб 1

„Стромболи“ или пица леб, креативен рецепт од италијанската кујна

Одлична идеја за разни ситуации! За појадок или ако ви се најавиле гости, а можете и да го замрзнете, па да го загреете по потреба. Ова е супер рецепт за познатото италијанско стромболи, или поедноставно кажано превкусен пица леб.

пица од интегрално лудо тесто

Капричиоза пица од интегрално лудо тесто

Нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone е вистински експерт во кујната. Нејзините рецепти се многу популарни низ целиот Балкан. Таа за порталот Испрати рецепт приготви неколку рецепти меѓу кои и овој интересен рецепт за пица од интегрално лудо тесто.

Пица од шпагети 1

Пица од шпагети

Сте јаделе ли досега пица од шпагети, колку едноставна идеја, но некој треба да се сети да ја направи нели? Имаме одличен рецепт за вас, препорачуваме да го пробате што поскоро.

Посна пица со свежи печурки

Има некој што не обожава пица? Сигурно, не! Ако во деновите за пости ви се каснува пица, а не знаете добар рецепт, сега тоа е минато. Еве еден супер рецепт од кујната на Катерина, за вкусна посна пица направена со свежи печурки и доматен сос.