Брз летен рецепт - Fantasia пица мафини 1

Брз летен рецепт – Fantasia пица мафини

Летото е идеално време за дружење, забава и уживање со најдобрите пица мафини! Ви ја откриваме нашата тајна, а тоа се мешавините на Fantasia за подготовка на пица мафини и други слатки десерти. Голема предност е што може да ги направи секој и тоа многу лесно. А освен тоа, нема потреба да се грижите за набавка на хартиените калапи, затоа што и нив ги има во пакувањето!

Следете ги инструкциите и погледнете го краткото видео на кое е прикажана подготовката на брзите пица мафини. На кратко речено, фантазија во кујната!

Состојки:

  • 1 пакување Fantasia мешавина за мафини со вкус на пица
  • 2 јајца
  • 100 мл вода
  • 150 мл масло
  • 100 грама рендана шунка
  • 50 грама рендан кашкавал.

Подготовка:

  1. Во сад за матење се става мешавината за тесто, јајцата, водата и маслото. Смесата се мати со миксер за време од 2 до 3 минути.
  2. Во садот се додава ренданата шунка и половина од ренданиот кашкавал. Смесата повторно кратко се мати со миксер.
  3. Хартиените калапи кои се наоѓаат во Fantasia кутијата се распоредуваат во садот за мафини. Тестото со помош на две лажици се распоредува во калапите за мафини.
  4. Мафините се ставаат да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени (рерна со вентилатор на 160 степени) за време околу 30 минути.
  5. Пет минути пред крајот, мафините се вадат од рерната и се поросуваат со преостанатиот кашкавал. Повторно се враќаат во рерната за да се растопи кашкавалот.
  6. Готовите пица мафини се вадат од калапот и се служат со доматен сос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Овошен ладен десерт во чаша со цреши, јагоди и вишни.

*Комерцијален рецепт

Сподели: