Лахмаџун - турска пица 1

Лахмаџун – турска пица

Лахмаџун е традиционално турско јадење, кое лесно може да го направите дома. Во буквален превод значи тесто со месо, а е познато и како турска пица. Еве што ви е потребно за да направите лахмаџун.

Лахмаџун - турска пица 2

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 1 свеж пекарски квасец
  • вода по потреба
  • 200 гр салца
  • 400 гр мелено телешко месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук (по вкус)
  • 1 црвена пиперка
  • 200 мл пасирани домати (доматен сос)
  • сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Квасецот ставете го во млака вода. Добро измешајте и оставете го да нарасне.
  2. Брашното ставете го во сад за месење и додадете го нараснатиот квасец. Замесете тесто. По потреба може да додадете вода. Оставете го тестото да нарасне, а во меѓувреме припремете го филот.
  3. Салцата и меленото месо ставете ги во длабок сад. Кромидот, лукот и пиперката ситно исечкајте ги. Пасираните домати, сечканиот кромид, лук и пиперка додадете ги во садот со месото. Смесата добро измешајте ја и зачинете ја по вкус.
  4. Од тестото формирајте топчиња со големина по желба, во зависност од големината на тавата во која ќе печете.
  5. Со помош на сукало, од секое топче расукајте кора. Кората ставете ја во тава за печење, обложена со хартија за печење.
  6. Врз секоја кора нанесете од филот. Печете 10 до 15 минути, на температура од 200 степени, додека не зарумени.

Лахмаџунот може да го сервирате со салата од зелка, марулка, морков, цвекло, домат, кромид, лимон. На здравје!

Сподели: