Сакаш да се чувствуваш лесно, енергично и задоволно во своето тело? Easy Slim е креирана токму за тебе! Без гладување, без комплицирани правила – само вкусна, балансирана храна и стручна поддршка на секој чекор од твоето патување.
Секое годишно време има своја убавина. А симболи на зимата се снегот, како и празниците кои ги има во голем број. Во периодот на ладните денови и празниците, кои се одбележуваат со богати трпези, апетитот се зголемува, а поголем број лица се соочуваат со зголемување на телената тежина. Како да го поминеме празничниот период без да имаме зголемен апетит, дигестивни проблеми и покачување на килограмите? – Овие прашања ги доставиме до Д-р Нела Деспотовска.
Да, може да јадеш леб додека си на режим за слабеење. Иако многумина велат штом слабееш не треба да јадиш леб, тоа не е така. Нутриционистите велат дека тајната е во балансираната исхрана и умерената консумација на намирниците меѓу кои е и лебот. Ајде подетално да ја разгледаме темата и да видиме дали може да се јаде леб при диета и што се препорачува!
Секој има некакво мислење за исхраната и слабеењето кое сака да го сподели со другите. Постојат и бројни стручњаци кои заговараат одредени мислења и често ги уверуваат луѓето дека баш тие се правилни. Но, со текот на ширењето на идеи за диетите и слабеењето, се создале бројни митови во кои луѓето слепо веруваат, а всушност воопшто не се вистинити. Затоа, заборавете што ви рекле другите, па дури и тренерите, затоа што можеби и тие верувале во погрешни работи.
Постојано сте на некоја диета и се убедувате себе си дека овој пат ќе бидете упорни и ќе успеете? Дали знаете што е важно за здраво и долгорочно слабеење? – Постојат одредени правила до кои мора да се придржувате доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, но и долгорочно да ја одржувате идеалната телесна тежина.
Долг е списокот на задоволни клиенти, односно над 500-тини соработки ја прават нутриционистката Маја Велковска една од најпознатите во Македонија. Својата експертиза успешно ја нуди скоро 5 години, а веќе неколку години стои и позади инстаграм профилот и веб сајтот – The Healthier You, на кој посветено работи со цел едукација на јавноста за врската помеѓу исхраната и здравјето. Долгогодишното пријателство со оваа позната нутриционистка, ни беше мотивација, заедно со нашите пријатели од компанијата Podravka да се ангажираме и да споделиме грижа и две за вас потполно бесплатни менија – за жени и мажи, кои следат подолу во интервјуто.
Сигурно веќе сте слушнале за придобивките од лененото семе и неговата важност во правилната исхрана. Претставува здрава намирница, со голем број на полезности. Денес сѐ повеќе се зборува за него, а и се настојува да се применува што повеќе во подготовка на разни јадења. Од семето се прави ленено брашно кое и тоа како помага при слабеење.
Можеби сте слушнале за наизменичен пост (intermittent fasting), а можеби не. Дел од вас можеби и го применувале или го применуваат овој начин на исхрана. Како и да е, наизменичното гладување или „фастинг“ веќе стекна популарност кај нас, а во светот пак, веќе одамна се зборува за него. Па, ајде да дознаеме нешто повеќе за овој нов тренд!
Вежбате за да ги намалите килограмите? Спортувате професионално или рекреативно? Колку и да се трудите, не можете да ја постигнете посакувата цел? – Во тој случај, постои можност на вашето тело да му е потребен L-Carnitine. Што е карнитин и како може да ви помогне при слабеење и физичка активност, дознајте од текстот кој го подготвивме.