Заедно сме посилни! Сѐ за храна се приклучува кон повикот на Јасмин и медиумски го поддржува хуманитарниот Велигденски базар кој ќе се одржи на 25 Април во Битола.

Нема кој не слушнал за омбре ефектот нели? – Овој тренд се појави во изминатите години и се применува за боење на храна како што се јајцата во овој случај, а уште повеќе за боење на коса, шминка, за облека, во разни дизајни на садови и мебел, за прибор, чаши и што уште не. А бидејќи сега наближува Велигден, ние техниката на нијансирање ви предлагаме да ја пробате за декорирање на празничните јајца. Уживајте во едноставноста на нијансирањето и во прекрасните омбре велигденски јајца кои ќе ги направите.
Овој рецепт го испробавме со мерак, а е споделен од драг пријател на кој во оваа прилика се заблагодаруваме. Во пресрет на еден од најзначајните христијански празници, ви предлагаме да си направите велигденски ѓумбир колачи во форма на јајце или зајаче. Поканете ги и помалите членови на семејството и уживајте во подготовката.
Да ја продолжиме традицијата и радоста за убавите празници! Инспирирани од престојниот христијански празник – Велигден решивме да реализираме уште една награден натпревар и од срце да наградиме двајца учесници. Па, ајде да ги искористиме Велигденските празници за да ја разбудиме креативноста, да создадеме прекрасни ремек дела од нашата традиција за бојадисување јајца, поставување празнични трпези и споделување љубов со најблиските.
Разубавете ја велигденската трпеза со брз десерт во чаша! Нема потреба да изгубите многу часови во кујната за да направите слатко совршенство. А што е уште поважно, секој може да го направи овој брз десерт богат со ванила крем. За да ви ја олесниме подготовката и да ви заштедиме време кое може да го поминете со семејството и пријателите, детално ви напишавме кои производи ги набавивме за подготовка.
Секоја декорација на Велигденските јајца е посебна и убава за себе, различна и со љубов подготвена од нашите домаќинки. За денес ние избравме еден навистина необичен, а мошне декоративен начин за боење на велигденски јајца со кујнска хартија. Крајниот резултат е интересен и несекојдневен, па навистина вреди да се проба.
Малите деца особено им се радуваат на празниците, а меѓу нивните омилени празници, секако е Велигден. За да биде празничната радост уште поголема дозволете им на децата да ви се приклучат во украсувањето и декорирањето на Велигденските јајца, корпички и украси. Заедно со малите вредни рачиња може да направите навистина интересни и креативни декорации. Па, денес ќе ви покажеме како да си направите неодоливи велигденски зајачиња од конец за плетење.
Како би можело да го прославиме доаѓањето на Велигден ако не направиме и каснеме традиционален велигденски милиброд? На многу места во нашата земја има различни имиња, па може да слушнете и козињак, плетенка од тесто и слично. Во секој случај, станува збор за неизбежното, совршено вкусно и слатко Велигденско лепче кое мора да се проба.