За Велигденските празници ви предлагаме да направите интересна декорација – велигденско јајце со чоколадни бонбони кое ќе го разубави вашиот дом и весело ќе ги изненади најмалите.

Направете Велигденско јајце од конец. По желба можете направите повеќе различни бои и големини, зависно од големината на балонот кој ќе го изберете за моделирање. Оваа креативна Велигденска декорација ќе го разведри вашиот дом за време на празникот Велигден и сигурно ќе ве потсетува на радост и позитивни мисли!