побрз раст на трепките

Третман со зелен чај за побрз раст на трепките

Дали сте знаеле дека за побрз раст на трепките можете да применувате третман со зелен чај? Зелениот чај може да го стимулира растот на трепките, а исто така помага за одржување на нивното здравје на оптимално ниво. Главен носител на ова својство на зелениот чај се флавоноидите во неговиот состав, кои тој ги содржи во изобилство.

побрз раст на трепките

За побрз раст на трепките потребно ви е:

  • зелен чај (може рефус или ќесичка со 100% зелен чај)
  • 200 мл вода
  • две тупферчиња (може и памук).

Подготовка:

  1. Подгответе го зелениот чај. Стоплете ја водата на температура од 70-90 степени  и оставете да стои 3-5 минути.

Начин на употреба:

  • Со изладениот зелен чај натопете ги двете тупферчиња и нежно тријте по должината на линијата на трепките. Доволно е да го повторите тоа 4-5 пати.
  • Третманот правете го секојдневно, на чисто лице.

Направете шолја зелен чај и започнете со третманот кој ќе ви овозможи побрз раст на трепките, а со тоа и ќе имате задоволство за кратко време да имате уште поубави и повпечатливи очи!

зелен чај за раст на трепките

Сподели: