болки во рбетот

Болки во грбот? Не дозволувај да те ограничуваат! – 7 важни препораки од Д-р Нела Деспотовска 

Болки во грбот, половината и нозете, отежнато движење, болни потези при станување, седнување или пак вртење во кревет… ви звучи познато? Сите овие се симптоми кои укажуваат дека здравјето на рбетниот столб е нарушено. А во последните години сѐ поголем број и на млади лица се соочуваат со овие проблеми. Кои се причините? Што може да помогне?

Повеќе енергија, подобро расположение и здрав рбетен столб! Ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска и по повод светскиот ден на рбетот кој се означува овој месец, ги споделуваме нејзините препораки кои ќе ви помогнат за добро здравје. 

Здрав рбет

Како да се сочува здравјето на рбетот?

Здравиот рбет овозможува добра функционалност на телото за секојдневно извршување на активностите. За жал, околу 80% од возрасните лица во некој период на животот ќе се соочат со болки во долниот дел на рбетот. Дегенеративните болести, сколиозата и спиналната стеноза која се јавува кај повозрасни лица се едни од главните причини за појава на болка и ограничување на движењето. Следете ги советите и сочувајте го здравјето на рбетот, флексибилноста и благосостојбата. 

Редовно вежбајте

Пешачете, вежбајте јога или пилатес, пливајте… Физичката активност помага за зацврстување на мускулите на грбот. Силните мускули го чуваат здравјето на рбетот и го намалуваат неговото оптоварување. Редовно правете вежби за истегнување. 

Правилно држење на телото

Правилното држење е основа за здравјето на рбетот. Што подразбира ова? – Спијте на тврда подлога, користете анатомска цврста перица. Ако работата ви е со седење, потрудете се да седите исправено, а на секои 30-тина минути, станете и направете кратка пауза со движење. Ако долго време стоите во место, едната нога поткренете ја на мал стол. Овој совет практикувајте го и кога пеглате алишта или миете садови. Лошото држење може да доведе до болки и искривувања, па е важно да се обрне внимание на положбата при седење, спиење и стоење.

Кога ќе се појават болки во рбетот…

Ако почувствуваш болки во рбетот или половината кои ти сметаат при извршување на секојдневните активности, препорачуваме додатоците од NOW:

МСМ и сераптазе

Внимавајте на исхраната и одржувајте оптимална телесна тежина

Правилната исхрана е исто така клучна за здравјето на ‘рбетот. Ако имате вишок на килограми, потрудете се да ги намалите. Така ќе го намалите притисокот врз дисковите и ќе го подобрите целокупното здравје. Исхраната треба да биде балансирана, а почесто на менито вклучете:

Консумирајте храна богата со магнезиум, калциум и витамин Д

Консумирајте зелен лиснат зеленчук како спанаќ, брокула и зелка. Овие зеленчуци се богати со магнезиум, калциум и антиоксиданти, кои помагаат во одржувањето на здравјето на коските и нервите. 

Магнезиумот е важен минерал за мускулната функција и здравјето на нервниот систем. Суплементите со магнезиум можат да помогнат во опуштање на мускулите и намалување на напнатоста. Ги препорачуваме:

Дополнително вклучете и јаткасти плодови, како бадеми, кои освен магнезиум и калциум, содржат и витамин Е. Исто, често консумирајте јогурт и кисело млеко кои се богати со калциум, како и со витамин Д. 

Витаминот Д е важен за апсорпцијата на калциумот, минерал кој е неопходен за здрави коски. Додатоците со витамин Д можат да помогнат во спречување на остеопороза и други проблеми со коските. Го препорачуваме витаминот Д од NOW кој е достапен:

Консумирајте храна богата со здрави масти и омега-3

Морските риби и лененото семе богати со омега-3 масни киселини, кои помагаат во намалување на воспалението. Авокадото изобилува со здрави масти, растителни влакна и калиум. Помага во намалување на воспалението и отокот, што е корисно за ‘рбетот.

Од додатоците во исхраната наша препорака се NOW Омега-3. Единствена молекуларно дестилирана, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма. 

Изберете зеленчук и овошје богати со витамините А и Ц

Портокалите, слатките компири, тиквата, морковите, се дел од намирниците кои се богати со витамините А и Ц. Овие витамини се важни за сврзното ткиво и здрави коски. Витаминот Ц учествува во синтеза на колагенот, кој го чува здравјето на зглобовите и рбетот. 

Го препорачуваме AlphaSorb-C – кој е најдобар извор на некиселинска форма на витамин Ц. Има 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц. Витаминот Ц придонесува за нормално создавање на колаген и нормално функционирање на крвните садови. 

Alphasorb C

Препораки:

Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Пред да започнете со суплементација, консултирајте се со својот матичен лекар.

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Што е остеопороза и како да се заштитите?

*Текстот е овозможен од vitamini.mk

Сподели: