4 совети за добро варење на храната 1

4 совети за добро варење на храната

Доброто варење на храната влијае на здравјето и квалитетот на животот. Кога е здрав системот за варење, соодветно ги апсорбира сите неопходни хранливи материи, а тоа го зајакнува имунитетот и ја подобрува виталноста на организмот.

Урамнотежената исхрана богата со овошје и зеленчук ја поттикнува работата на системот за варење. Но, и покрај тоа, не сите знаеме како да постапиме за да му помогнеме на системот за варење да работи беспрекорно.

4 совети за добро варење на храната 2

Внесувајте пробиотици

Не се сите бактерии лоши. Пробиотиците се добри бактерии, кои природно се наоѓаат во цревата и ја поткрепуваат работата на дигестивниот систем. Тука е важно да знаеме дека, рамнотежата во цревата може да се наруши многу лесно. Тоа може да се должи на земање на некои лекови, подолготрајно консумирање на нездрави намирници (доволни се неколку дена), грип или настинка. Затоа, откако сте се вратиле од патување каде сте јаделе брза храна, кога завршуваат празниците или годишниот одмор, не заборавајте да консумирате пробиотици.

Фокусирајте се на фитохемикалиите

Тоа се соединенија кои му помагаат на организмот во борбата против болестите. Превенираат оштетување на клетките и го регулираат нивото на холестерол. Со фитохемикалии се богати намирниците како што се лукот и кромидот, брокулите, карфиолот и морковите.

Внесувајте ензими за варење

Дигестивните ензими помагаат за разградување на храната и апсорпција на хранливите материи неопходни за изградба на клетките, ткивата и органите. Некои од ензимите може да се најдат и во храната, а некои телото ги произведува самото. Дигестивни ензими може да се внесат преку консумирање на ананас и папаја, како и преку суплементи.

Не заборавајте ги растителните влакна

Кога станува збор за нив, подобро е да внесувате растителни влакна кои не се растворливи во вода, бидејќи тие ја поттикнуваат работата на цревата. Такви има во црешите, грозјето, зелката, пченката (пуканките) пченичните трици и во семките на овошјата и зеленчукот.

Влакната кои се растворливи во вода помагаат исто така во ослободување од запек и олеснување на симптомите. Нив ги има во бананата, морковот, јачменот, овесот, семето од лен, гравот, јаболката, портокалите, крушите, јаткастите плодови итн.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 мали промени кои го подобруваат варењето и ја поттикнуваат работата на цревата.

Сподели: