5 мали промени кои го подобруваат варењето и ја поттикнуваат работата на цревата 1

5 мали промени кои го подобруваат варењето и ја поттикнуваат работата на цревата

Како што организмот има потреба за храна, исто така има потреба за празнење. Отстранувањето од организмот на храната која сме ја изеле додека сме се сладеле за време на оброците, е една од клучните потреби за добро здравје. Само неколку мали и едноставни измени во менито може да ви помогнат да ја доведете во ред работата на цревата и да го помогнете варењето на храната.

Затоа, ако имате проблеми со стомакот и со мрзливи црева, еве неколку совети кои може да ви помогнат во надминување на сите нив.

5 мали промени кои го подобруваат варењето и ја поттикнуваат работата на цревата 2

Појадокот е задолжителен оброк!

Овој оброк не смеете да го пропуштите. Без изговори дека немате време да појадувате, дека не сте навикнале и слично! Во служба на здравјето треба да појадувате. Можете да изберете овесни, јачменови, ржани снегулки, да ги комбинирате со немасен јогурт, ленено семе, малку мед или овошје. На овој начин започнете го денот и поттикнете ја работата на цревата. А кога сме кај појадокот, еве неколку брзи и лесни идеи:

Ленено семе и ленено масло за подобрување на метаболизмот 

Благодарение на комбинација од витамини, минерали и големата количина на омега 3 масни киселини кои ги содржи, ленот има многу поволно влијание врз здравјето на организмот. Лененото семе се користи во многу рецепти на традиционалната медицина. Семето и маслото од лен се препорачуваат во исхраната кај лица кои страдаат од остипација (запек). Во денешните услови, за среќа достапно ни е и 100% масло од лен кое лесно може да се вклопи во исхраната. Има малку појак вкус, па се препорачува да се пие наутро и на гладно, по 1 лажица ленено масло со околу 50 мл природен сок. Ако размислувате кое да го изберете, ви препорачуваме тоа да биде ладно цеденото масло од лен од Фила, со чиј квалитет сме запознаени, а може да се најде во поголемите маркети низ Македонија. Исто така, може да ја посетите и онлајн продавницата, каде што може да купите ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл по најповолни цени. Неговото поволно дејство ни е испробано и сме утврдиле дека делува. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на лененото масло, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk

Може да ве интересира: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Салата за ручек и за вечера

Потрудете се да јадете свежа салата за ручек и вечера. Изберете зелка, краставици, моркови, цвекло, брокула, карфиол, спанаќ, ротквици, марулки, пиперки… Свежиот зеленчук ќе ви даде енергија и ќе го обезбеди организмот со природни витамини. За да ја збогатите салатата посипете ја со ленено семе или сусам, а може да користите и микс од четири семиња (лен, сусам, семки од тиква и сончоглед)Лененото семе и миксот од четири семиња исто така може да ги набавите од Фила. За да добиете комплетен оброк, салатата комбинирајте ја со месо или риба, немасно сирење, кришка интегрален леб итн.

Суви сливи, смокви, црно чоколадо

Јадете ужина која има смисла – здрава, вкусна и пристапна! Неколку суви сливи или смокви се идеална ужинка додека работите. Црното чоколадо е богато со поголема количина на какао и ќе ви го намали апетитот. Освен тоа ќе го обезбеди организмот со магнезиум и други хранливи материи.

Избегнувајте намирници кои го дујат стомакот и пијте што повеќе течности

Потрудете се да забележите кои намирници ви предизвикуваат тегоби во стомакот. Најчесто тоа се алкохолот, кафето, вештачките шеќери, газираните пијалаци, тешките зачинети јадења итн. Ваквите намирници често содржат и адитиви и емулгатори кои оптеретуваат организмот.

Како добар избор на течности ги препорачуваме водата, лимонада без шеќер, свежо цедени сокови… Тие ќе го зајакнат целосно вашиот организам, а посебно ќе му годат на стомакот.

Ви препорачуваме да прочитате: Јадењето на брзина влијае лошо на варењето на храната.

Сподели: