недостаток на витамин Д

7 знаци кои укажуваат на недостаток од витамин Д

Витаминот Д припаѓа на групата на витамини растворливи во масти. Во комбинација со калциумот помага во изградбата и одржувањето на силни и здрави коски. Исто така, е вклучен и во регулирањето на имунолошкиот систем, па помага дури и во сузбивањето на канцерогените клетки. Со право може да се каже дека овој витамин е најважен за здравјето на коските и за одржување на имуниот систем. Карактеристичен симптом при недостаток од витамин Д е рахитисот кај децата. Ова состојба често води кон кревки коски кои се склони на деформитети и зголемена опасност од повреди и кршливост.

Сепак поновите истражувања откриваат поврзаност помеѓу недостатокот на витамин Д со многу други здравствени состојби. Па така, витаминот Д може да игра улога во превенцијата и лекувањето на хипертензија, дијабетес и мултиплекс склероза. Со оглед на огромната важност од консумирањето на витамин Д, во продолжение ви претставуваме 7 различни начини за идентификување на потенцијалниот недостаток на витамин Д.

недостаток од витамин Д

Мускулна слабост

Лицата кои страдаат од недостаток на витамин Д може да чувствуваат мускулна слабост и болка. Првично, симптомите се речиси незабележливи, но како што минува времето тие се влошуваат. Тоа е така затоа што при синтезата на овој витамин се зголемува контракцијата на мускулите.

Слабеење на имуниот систем

Кога нивоата на витаминот Д се ниски, имунолошкиот систем значително се намалува. Во една јапонска студија објавена во Американски весник за клиничка исхрана, на една група учесници им биле дадени додатоци со витамин Д, а на друга група им биле дадени таблети со плацебо ефект. Кај лицата кои примиле таблети со витамин Д, биле забележани помалку случаи со инфлуенца од вирусот на грип во однос на оние кои не добиле. Во една друга студија пак се докажало дека лицата кои боледуваат од автоимуни заболувања имаат дефицит на овој витамин.

Може да ве интересира: 9 лесни начини за навремено зајакнување на имунитетот.

Хипертензија

Кога витаминот Д е значително намален, често може како резултат на таа состојба да се покачи крвниот притисок. Како одговор на задржување на вода или пак запушување на артериите, телото формулира пептиди поради кои се покачува крвниот притисок. Витаминот Д служи како контра мерка со што ја потиснува оваа ензимска реакција и со тоа го намалува несоодветниот одговор на овој пептид, со што го нормализира нивото на крвниот притисок. Нутриционистите секогаш препорачуваат здрави навики против висок крвен притисок.

Депресија

Една студија ја докажа корелацијата помеѓу сезонската депресија и намаленото ниво на витаминот Д3. Па така, на лицата на кои им давале додаток со овој витамин имале значително подобрување на психичката состојба и проблемите со исхраната и спиењето.

Одредени хронични заболувања

Одредени гастроинтестинални нарушувања влијаат на апсорпцијата на витаминот Д. Па така, лицата кои патат од целијакија, кронова болест, улцерозен колитис или од други инфламаторни болести на цревата се под зголемен ризик од појава на дефицит од витамин Д. Исто така, лицата кои имаат поголеми масни наслаги имаат поголема склоност за недостаток на овој витамин, бидејќи мастите го разредуваат и ги намалуваат неговите физиолошки својства.

Зголемено потење

Иако звучи малку чудно, лицата кои имаат тенденција да се потат повеќе имаат поголеми шанси да имаат намалено ниво на витамин Д.

Кардиоваскуларни заболувања

Постои корелација помеѓу ниските нивоа на витамин Д и кардиоваскуларните болести. Медицинските лица веруваат дека ниските нивоа на витамин Д, резултираат со повисока концентрација на калциум во крвните садови кој пак формира плаки и наслаги на артериите и со тоа го зголемува ризикот од срцев или пак мозочен удар. Покрај ова, дефицитот од витамин Д може да резултира и со хипертензија, дијабетес тип 2, дебелина и висок холестерол.

Ви препорачуваме да прочитате: Витамин Д – чувар на здравјето на коските.

Сподели: