Сте размислувале како да направите оброк со кој нема да ги зголемите килограмите, а сепак да биде вкусен за јадење? – Tука се американските палачинки со интегрално брашно кои можете да ги комбинирате по ваш вкус.
Доаѓа летото и секој би сакал да ужива во храната, а притоа да биде фит. Затоа, овој период треба да се прават мудри избори и да се посегне по пониско калорична, но нутритивно богата храна. А такви се и овие палачинки, направени од интегрално брашно и без шеќер. Пробајте и уживајте!

Состојки:
- 140 грама интегрално брашно
- 2 јајца
- 250 мл млеко
- 2 лажици Брилијант омега 3 масло
- 1 лажица мед или стевиа од Витаминка
- 1 лажица сода бикарбона без алуминиум од Витаминка
- ½ мала лажичка цимет од Витаминка
- прстофат сол.
За прилог:
- банана
- јаворов сируп, мед или друг засладувач по желба
- свежо или замрзнато овошје.
Подготовка:
- Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки (брашното, солта, зачините и содата бикарбона).
- Во друг сад ставете ги јајцата, Брилијант омега -3 маслото, млекото и медот. Измешајте убаво со жица за матење.
- Во садот со сувите состојки додајте ја смесата со јајцата и млекото. Измешајте со жицата за да се соединат состојките. Смесата оставете ја да отстои за време од 15 до 20 минути.
- Тавата за палачинки намрсете ја со малку масло и добро загрејте ја. Со помош на лажица земете од смесата и формирајте палачинка.
- Печете околу минута и пол на едната страна, или додека забележите меурчиња по површината на палачинката. Потоа, превртете ја палачинката на другата страна и продолжете со печењето уште 1 минута. На втората страна печењето трае пократко.
- Топлите палачинки сервирајте ги свежо овошје, мед и јаткасти плодови по желба. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви предлагаме да прочитате: Посни мини пица палачинки.
*Спонзориран рецепт