Доколку оваа година сакате да направите нешто ново и необично за зимница, топло ви препорачуваме да си направите„ ајвар од тиквички“. Иако не станува збор за класичен ајвар од црвени пиперки на кој вообичаено сме навикнати, вкусот му е подеднакво добар и вреди да се проба.
Има многу аргументи кои одат во прилог зошто оваа година покрај класичниот ајвар да си направите и неколку тегли од овој невообичаен намаз. Пазарите се преполни се тиквички и тоа по мошне пристапни цени, па вреди да се искористат. А и овој „ајвар“ се припрема многу полесно од вообичаениот, па нема да ви е потребно многу време и напор за да го направите. Одлично се вклопува во комбинација со ориз, со леб, пресен или печен, со оризови галети или на брускети. Пробајте го.
Состојки:
- 4 поголеми тиквички
- 4 главици црвен кромид
- 1 црвена пиперка
- 1 жолта пиперка
- ½ чаша сол
- 2 чаши киселина
- ½ лажичка сенф во прав по желба
- 2 лажици семки од синап
- 5 чаши шеќер
- 1 лажица куркума
- 1 лажица семки од целер
Подготовка:
- Најпрво зеленчукот темелно измијте го, исчистете го од семките и изблендирајте го.
- Потоа, во мелениот зеленчук додајте ја солта. Оставете го да стои околу 20 минути, па добро исцедете го од вода.
- Во садот со зеленчук додајте ги и семките од синап, киселината, шеќерот, семките од целер, куркумата и сенфот во прав. Сѐ добро промешајте.
- Ставете го зеленчукот да се вари на тивок оган околу 7 минути.
- Турете го готовиот „ајвар“ додека е топол во чисти, стерилни и претходно загреани тегли. Теглите, добро затворете ги, со исто така претходно загреани капаци и превртете ги барем 10 минути за да се вакумираат. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: 9 совети за совршена зимница.