Бавно печено свинско месо 

Сочно, меко и со преубава арома! За велигденските празници направи врвен специјалитет. Приготви бавно печено свинско месо кое лесно се дели со виљушка и е превкусно! 

Како до совршен специјателитет? – Набави свежо свинско месо од Агриа, зачини и лук и препуштете се на гурманското доживување. Вака приготвеното месо може да го послужите самостојно, во сендвичи, тако…

бавно печено свинско месо

Состојки:

  • 2 кг свинска плешка или бут од Агриа
  • 2 лажици маслиново масло
  • 5-6 чешиња лук
  • 2 мали лажички сол
  • 1½ мала лажица сечкана мајчина душица 
  • 1 мала лажица сечкан рузмарин
  • ½ мала лажица црн пипер.

Подготовка:

  1. Лукот крупно исечкајте го. 
  2. Во сад ставете ги маслиновото масло, лукот, солта, мајчината душица, рузмаринот и црниот пипер. Измешајте. 
  3. Свинската плешка измијте ја и исушете ја со кујнска хартија. Ставете ја во тава за печење и премачкајте ја со маринадата. Покријте ја со најлонска фолија и оставете ја во фрижидер најмалку 2 часа, а најдобро е преку ноќ.
  4. Тавата извадете ја од фрижидерот, фолијата отстранете ја и оставете го месото на собна температура околу 20 минути. 
  5. Во меѓувреме приклучете ја рерната на 220 степени. 
  6. Ставете го свинското во загреаната рерна и печете го 15 минути. Потоа намалете ја температурата на 135 степени и печете го месото за време од 6 до 6,5 часа. За време на печењето, најдобро е да не ја отворате рерната. 
  7. Печеното месо извадете го и оставете го неколку минути пред да го послужите. Совршено, зарем не! 

Совети плус:

  • Ако не може да најдеш свежи зачини, може да користиш сув рузмарин и сува мајчина душуца. Во овој случај, намали ја количината на ⅓ или ½ мала лажичка. 
  • Лукот треба да биде крупно исечкан. Малите парчиња може побрзо да изгорат. 
  • Ако месото е поголемо, тогаш треба да се печи подолго време, околу 30 до 60 минути за секои дополнителни 500 г месо. 
  • Со овој рецепт може да испечеш и свински бут, но плешката е помрсна и е подобар избор. А најдобар избор е месото од Агриа. Свежо, домашно и со врвен квалитет! Може да го најдеш во нивните месарници во Битола, Штип и Велес или да го набавиш од Тинекс и Рамстор маркетите.
бавно печено свинско месо

Може да те интересира: „Pulled pork“ сендвичи со бавно печено свинско месо во рерна.

Следи ја sezahrana.mk и на Instagram и Facebook.

*Рецептот е поддржан од Агриа.

Сподели: