Слатко задоволство кое е направеното со многу труд и љубов. Тортата бела магија стана една од нашите најомилени торти. Затоа, со вас го споделуваме рецептот како да го напрвите овој вкусен десерт.
Тортите се наша страст и во секоја прилика си подготвуваме разни испробани десерти. А, знаеме и да експериментираме во кујната. Испробувајќи разни комбинации на состојки, дојдовме до овој рецепт за вкусна и лесна торта – бела магија.

Состојки:
За пандишпан:
- 15 лажици брашно
- 5 јајца
- 15 лажици шеќер
- 15 лажици масло
- 15 лажици млеко
- 1 кесичка ванилин шеќер
За фил:
- 250 мл слатка павлака
- 1 кесичка желатин
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 200 г јагоди
Подготовка:
- Се матат заедно јајцата, шеќерот и ванилата.
- Се додава маслото и млекото и сè убаво се мати додека да се добие хомогена смеса.
- Се додава брашното и повторно се меша.
- Вака подготвената смеса се става во кружен плех со механизам, обложен со хартија за печење.
- Се пече во загреана рерна на 200°С, околу 30 минути или додека тестото да добие светлокафеава боја.
- За филот, се мати слатката павлака и се додава екстрактот од ванила.
- Желатинот се подготвува според упатството на кесичката и се додава во изматената слатка павлака.
- Пандишпанот се вади од механизмот и се сече на половина по средината.
- Долниот дел се враќа назад во плехот.
- Од страните се редат јагодите исечени на половина.
- Се додава филот и се поклопува со втората кора од пандишпан.
- Одозгора се премачкува со остатокот од филот.
- Вака подготвената торта се става во фрижидер за да се стегне. Пред послужување се декорира по желба.
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден колач.